Православен календар

Преподобен Никифор

4 мај (по стар стил)

Прво беше католик, а после премина во Православие. Се подвизуваше како монах на Света Гора заедно со мудриот Теолипт. Му беше учител на славниот светител Григориј Палама. Напиша едно дело за умствената молитва. Се престави кај Господа во 14 век. Преподобниот Никифор учеше: „Собери го својот ум и принуди го да влезе во срцето и таму да остане. Кога твојот ум ќе се утврди во срцето, не треба да стои празен, туку постојано да ја твори молитвата: ’Господи Исусе Христе, Сине Божји, помилуј ме!’ и никогаш да не замолкне. Преку ова во тебе ќе се всели целата низа добродетели: љубовта, радоста, мирот и останатото, па секоја твоја прозба пред Бога ќе биде исполнета.“

Сподели на твитер
днсНоември 2026
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Ноември
16
Ноември
нов
стил
Понеделник. Не се пости.
+Обновување на храмот на св. Георгиј во Лида; Мч-ци Акепсимо еп., Јосиф презв. и Ајфал ѓак. (IV)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној кој без раководител сака да се занимава со молитвата и во својата гордост си помисли дека само од книги може да се научи, па не оди кај старецот, тој е веќе напола во прелест. На смирениот, пак, Господ ќе му помогне - дури и да нема опитен наставник, но сепак оди кај својот духовник, каков и да е тој, тогаш заради неговот смирението Господ ќе го покрие.

Преп. Силуан Атонски
Списи. II. 1

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк