Православен календар

Светата маченичка Пелагија Тарсиска

4 мај (по стар стил)

Родена е во градот Тарс, од родители незнабошци, но богати и прочуени. Кога слушна од христијаните за Христа, таа се разгоре со љубов кон Спасителот и во душата беше целата христијанка. Се случи самиот цар Диоклецијан да запре во Тарс и додека се задржуваше во овој град, неговиот син, принцот, се вљуби смртно во Пелагија, па сакаше да ја земе за жена. Преку својата зла мајка Пелагија одговори дека таа веќе Му се има ветено на Небесниот Женик, Господ Исус Христос. Бегајќи од скверниот принц и од нејзината злобна мајка, Пелагија го побара и го најде епископот Клинон, човек прочуен по светоста. Тој ја поучи во христијанската вера и ја крсти. Тогаш Пелагија ги раздаде своите раскошни фустани и големото богатство, се врати дома и ѝ исповеда на мајка си дека е веќе крстена. Кога слушна за ова царскиот син и ја изгуби сета надеж дека некогаш ќе може да ја добие за жена оваа света девица, се прободе самиот себеси со меч и умре. Тогаш свирепата мајка појде и ја обвини кај царот својата ќерка, па му ја предаде на суд. Царот се восхити од убавината на девицата, заборави на синот и самиот се распали со нечиста страст кон неа. А бидејќи Пелагија остана непоколеблива во нејзината вера, царот пресуди да ја изгорат во метален усвитен вол. Кога ја разголеа мачителите, света Пелагија се прекрсти со Крстот и со благодарна молитва кон Бога на усните, самата влезе во усвитениот вол, во којшто за еден миг се растопи како восок. Чесно пострада во 287 година. Коските што останаа од неа ги прибра епископот Клинон и ги погреба на ридот под еден камен. Во времето на царот Константин Копроним, на тоа место беше изградена прекрасна црква во чест на светата девица и маченичка Пелагија, која се жртвуваше за Христа за со Него да царува вечно.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
7
стар
стил
Април
20
Април
нов
стил
Саб., Велик Пост. Масло.
Преп. Георгиј исп., митр. Митилински (после 820); Мч. Калиопиј (304)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Како што огнот и водата се противат еден на друг при соединувањето; така и самооправданието и смирението се спротивни едно на друго.

Преп. Марко Подвижник
Слова, 2. 125

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк