Православен календар

Свети Игнатиј Брјанчанинов

30 април (по стар стил)

Светиот Игнатиј е роден во 1807 година, во угледно руско семејство. Уште како дете често сакаше да ја посетува црквата, а дома имаше обичај да се моли и во текот на денот, не ограничувајќи се само на востановеното време - наутро и навечер. Подоцна, во студентските денови, во Санкт Петербург, тој се занимаваше подлабоко со умната молитва, и толку желно се вежбаше во неа, така што таа почна сама да дејствува во него. „Се случуваше навечер“, зборуваше тој за себеси подоцна, „да лежам во постела и да ја ставам перницата под глава, почнувајќи да ја кажувам молитвата, и така, не менувајќи ја положбата, не прекинувајќи ја молитвата, да станувам наутро, да одам на работа, на часови“. И покрај противењето на родителите, во 1827 година стапи во манастир. Се замонаши во 1831 година, а набргу потоа беше ракоположен во ѓакон, па во јеромонах. Во 1833 беше назначен за игумен на Сергиевата Лавра, во Санкт Петербург. Во 1857 година Светиот Синод го избра архимандритот Игнатиј за Епископ Кавкаски и Црноморски. На денот на своето наречение рече: „Од младоста тежнеев кон длабока пустина и никогаш не сум мислел за служење на Црквата во каков било свештенички чин. Да бидам епископ на своето срце и на Христос да Му ги принесувам на жртва помислите и чувствата осветени од Духот - тоа е висината кон која беше насочен мојот поглед.“ Поминувајќи во Сергиевата пустина дваесет и четири години, Епископот ја напушти во состојба на процут. За време на неговата управа обителта беше украсена со нови три прекрасни храма. Од оние коишто ги воспитуваше во монаштво Сергиевата пустина даде шеснаесет настојатели: десет архимандрити, пет игумени и еден управител. Обрнуваше внимание на воспитувањето на младите во школските установи кои беа во негова надлежност. Во 1861 година Епископот Игнатиј заради тешка болест се врати во Никола-бабаевскиот манастир, каде што на 30 април 1867 година за време на тивка молитва го затекнува смртта за којашто се подготвуваше во текот на целиот живот на земјата. Владиката Игнатиј Брјанчанинов ни остави обемно духовно дело собрано во шест тома: „Аскетски огледи“ во три тома, „Аскетска проповед“, „За современото монаштво“ и „Старечник“.

Сподели на твитер
днсМарт 2026
Н116
П217
В318
С419
Ч520
П621
С722
Н823
П924
В1025
С1126
Ч1227
П1328
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
В3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Март
15
Март
нов
стил
Крстопоклона недела, Велик Пост. Масло.
Свмч. Теодот, еп. Киринејски (326)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Христијанинот е должен да биде внимателен кон сите. Неговите зборови и дела треба да оддишуваат со благодатта на Светиот Дух којашто пребива во неговата душа, за на тој начин да се прославува името Божјо. Оној којшто го испитува секој збор, тој го испитува и секое дело. Оној којшто ги проверува зборовите што се токми да ги каже, ги проверува и делата што се токми да ги направи и никогаш нема да ја прејде границата на доброто и добродетелното поведение. Благодатните зборови на христијанинот се карактеризираат со истенченост и внимателност. Тоа е она што ја раѓа љубовта и ги носи мирот и радоста. Грубоста, пак, раѓа омраза, непријателство, жалост, желба да се победува, безпоредок и војни.

Св. Нектариј Егински
Пат кон среќа, 7

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк