Православен календар

Свети Донат

30 април (по стар стил)

Епископ во Еврија Албанска. Бог му даде голема благодат на чудотоворство, па правеше многу чуда корисни за луѓето. Така претвори горчлива вода во пивка, низведе дожд во сушно време, ја исцели од лудило царската ќерка, воскресна мртовец. Овој мртовец му го имаше исплатено долгот на својот заемодавец, но бидејќи несовесен заемодавецот сакаше уште еднаш да си го наплати долгот и го бараше од вдовицата на покојниот. Вдовицата плачеше и му се жалеше на епископот. Свети Донат го опомена заемодавецот да почека да го погребаат човекот пред да поразговараат за ова. Но, заемодавецот настојуваше со жестокост. Тогаш свети Донат му пристапи на мртовецот, го фати и му викна: „Стани, брате, и види што имаш со твојот заемодавец!“ Мртовецот се крена и со страшен поглед го погледна својот заемодавец, па му кажа каде и кога му го платил долгот. И уште ја побара од овој заемодавец својата писмена обврзница. Исплашен, заемодавецот му ја врачи неговата хартија, мртовецот ја искина и повторно легна и се упокои. Свети Донат мирно се упокои во длабока старост и отиде кај Господа во 387 година. Неговите мошти почиваат во Еврија, во Албанија.

Сподели на твитер
днсСептември 2021
С119
Ч220
П321
С422
Н523
П624
В725
С826
Ч927
П1028
С1129
Н1230
П1331
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
11
стар
стил
Септември
24
Септември
нов
стил
Петок. Пост.
+Преп. Теодора Александријска (V); Преп. Силуан Атонски (1938)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оние кои Ме љубат и Јас ги љубам и оние кои Ме прославуваат ќе ги прославам“ (Изреки. 8,17; 1Цар. 2,30) - вели Господ за своите светии. На светиите Господ им Го дарувал Светиот Дух и тие во Светиот Дух нè љубат нас. Светиите ги слушаат нашите молитви и имаат од Бога сила да ни помагаат. За ова знае целиот христијански род.

Преп. Силуан Атонски
Списи, XII.1,8

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк