Православен календар

Светиот апостол Симеон

27 април (по стар стил)

Еден од седумдесетте апостоли. Син на Клеопа, којшто му беше брат на праведниот Јосиф, целомудрениот сопруг на Пресвета Богородица. Кога ги виде чудата на Господ Исус, Симеон поверува во Него како во Господ и Спасител и беше вбројан во седумдесетте апостоли. Со голема ревност и храброст го проповедаше Христовото Евангелие насекаде по Јудеја. Кога злобните Евреи го убија Јаков, братот Господов и првиот епископ на Ерусалимската Црква, тогаш овој Симеон, кој му беше роднина, го поставија за епископ во Ерусалим. Како втор епископ во Светиот Град, со голема мудрост и сила управуваше со Божјата Црква до длабока старост. Кога пострада имаше над сто години. Неговото страдање стана вака: во времето на царот Трајан беше покренато двојно гонење во Палестина - на потомците Давидови и на христијаните. Злобните луѓе го обвинија Симеон како оној којшто им припаѓа и на едните и на другите. Свети Симеон претрпе големи маки и најпосле го распнаа на крст, како неговиот Господ Кому верно Му послужи на земјата.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
29
стар
стил
Април
12
Мај
нов
стил
Вторник. Не се пости.
9 маченици Кизички (299); Преп. Мемнон чудотворец; Св. Василиј Острошки (1671)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Зближувај се со праведните и преку нив ќе се приближиш до Бога. Дружи се со оние кои имаат смирение и ќе се научиш на нивните добродетели... Оној кој оди по примерот на оние што Го љубат Бога, тој ќе се обогати со тајните Божји, а оној кој оди по примерот на неправедниот и горделивиот, тој ќе се оддалечи од Бога и ќе биде намразен од своите пријатели.

Преп. Исаак Сирин
Поуки, 57, 8

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк