Православен календар

Свети Стефан епископ Пермски

26 април (по стар стил)

По потекло Русин. Од малечок предаден на молитва и богомислие. Како момче отиде во Ростов и се замонаши во манастирот Свети Григориј Богослов. Кога дозна за Пермската земја, целата обрасната во плевелот на незнабоштвото, посака да оди како мисионер во оваа земја, та веднаш се вдаде во изучување на пермскиот јазик и кога го совлада, состави азбука и ги преведе на тој јазик црковните книги. Со благослов на московскиот митрополит, тој како презвитер се упати на својот апостолски подвиг и во густиот мрак на пермското незнабоштво со огромна ревност почна да го проповеда Господовото Евангелие. Откако крсти неколкумина, се потруди да изгради во Перма храм на Светото Благовештение. Кога во Перма се умножи Црквата Божја, свети Стефан го посветија за нејзин епископ. Претрпе секаков труд, мака, злоба и понижувања, но ја разгони темнината на пермските незнабошци и ги просветли со Христовата светлина. На старост уште еднаш отиде во Москва и таму се упокои во Господа, во 1396 година.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Мај
16
Мај
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Мч-ци Тимотеј и Мавра (286); +Преп. Теодосиј Киево-Печерски (1074)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Секој грев оставен без покајание е смртен грев, за кого ако и светител се помоли нема да биде услишан од Бога.

Преп. Марко Подвижник
Слова, 2. 41

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк