Православен календар

Светата маченичка Александра, царица Римска

23 април (по стар стил)

Александра беше сопруга на императорот Диоклитијан, и потајно беше христијанка. Гледајќи ја силната вера на светиот Георгиј, за време на неговото мачење, таа се реши отворено да посведочи за својата вера во Исуса Христа. Се упати кон местото каде што го мачеа свети Георгиј, падна пред нозете на маченикот и пред сите објави дека е христијанка. Озлобениот Диоклитијан веднаш ја осуди на смрт. Александра мажествено ја прими таа пресуда и кротко појде на местото на казната, молитвено обраќајќи се кон Бога. По патот, бидејќи беше уморна, ги замоли војниците да ѝ дозволат малку да се одмори. Се потпре на еден ѕид и тивко се упокои. Нејзиното упокојување беше на 21 април 303, но нејзиниот спомен се празнува на 23 април, заедно со великомаченикот Георгиј.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Мај
16
Мај
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Мч-ци Тимотеј и Мавра (286); +Преп. Теодосиј Киево-Печерски (1074)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Невозможно е да се приближиме кон Бога без скрб, без неа и праведноста на човекот не се запазува неизменета... Ако сакаш добродетели, предај се на секаква скрб , бидејќи скрбта раѓа смирение. Кој без скрб пребива во својата добродетел, нему му е отворена вратата на гордоста.

Преп. Исаак Сирин
Слова, 34

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк