Православен календар

Свети Трифун патријарх Цариградски

19 април (по стар стил)

Царот Роман, кој владееше со Византија во почетокот на 10 век, имаше син Теофилакт на возраст од шеснаесет години кога умре патријархот Стефан. Царот сакаше да го возведе за патријарх својот малолетен син, бидејќи го имаше заветувано на духовна служба, но се засрами да го направи тоа. На патријаршискиот престол седна свети Трифун, прост но чист и благочестив старец. Трифун остана на престолот три години. Кога царскиот син влезе во дваесеттата година, царот намисли по секоја цена да го тргне Трифун од престолот, за да го постави својот син. Божјиот светител Трифун не сакаше доброволно да си оди од престолот не заради нешто друго, туку затоа што сметаше за голема соблазна толку млад човек да се возвиси на таква одговорна и тешка положба како што е патријаршиската. Тогаш преку сплетка од страна на еден зол епископ, измамија од свети Трифун потпис на чиста хартија и над потписот во царскиот дворец ја напишаа божемната оставка на патријархот, којашто царот ја објави. За ова настана голем смут во Црквата, зашто народот и свештенството стоеја на страната на Божјиот човек Трифун. Тогаш царот насилно го тргна свети Трифун и го испрати во манастир, а својот син Теофилакт го воздигна за патријарх. Свети Трифун поживеа во манастирот како подвижник две години и пет месеци и се упокои во Господа, во 933 година.

Сподели на твитер
днсЈуни 2023
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
21
стар
стил
Мај
3
Јуни
нов
стил
Сабота. Задушница. Не се пости.
+Рамноап. цар Константин (337) и неговата мајка царица Елена (327)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Колку само се лажат оние кои бараат среќа надвор од себеси – во туѓи земји и патувања, во богатство и слава, во многу имот и насладувања, во задоволства и испразни работи, на кои горчлив им е крајот! Да се изнесува градината на среќата надвор од нашето срце - тоа е исто како да градиш дом на место кое постојано го тресат земјотреси. Среќата се наоѓа во нас самите, и блажен е оној кој го разбрал тоа... Среќа – тоа е чисто срце, затоа што таквото срце станува престол Божји. Така вели Господ за тие кои имаат чисто срце: „Ќе Се вселам во нив и ќе бидам нивен Бог, и тие ќе бидат Мој народ“ (2Кор.6, 16) Што уште може да им недостасува? Ништо, навистина ништо! Затоа што тие го имаат во срцето свое најголемото богатство – Самиот Бог!

Св. Нектариј Егински
Пат до среќата, 1

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк