Православен календар

Свети Козма, епископ Халкидонски и преподобниот Авксентиј, неговиот соподвижник

18 април (по стар стил)

Живееја во 9 век, во времето кога иконоборците ги гонеа приврзаниците на Православието. Козма беше родум од Константинопол, и уште од младоста беше отишол во манастир и примил монашки потстриг. Потоа тој беше ракоположен за епископ Хакидонски и ревносно ја заштитуваше православната вера од еретиците иконоборци. Преподобниот Авксентиј му беше помошник во таа борба. Иконоборците многукратно се обидуваа да го здобијат светителот на своја страна, но тој до крај му остана верен на Православието. Козма не се потчини на указот на императорот Лав Ерменец (813-820) за отстранување на светите икони од храмовите. Заради тоа беше прогонет од својата катедра и испратен во заточеништво. Кога го вратија од таму, тој заедно со преподобниот Авксентиј продолжи да го заштитува почитувањето на светите икони. Од постојаните гонења, Козма ослабе со телото, но со духот остана цврст. Светиот Козма и преподобниот Авксентиј, сè до својата кончина неотстапно ја зачуваа православната вера. Се упокоија околу 815 – 820 година.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Мај
16
Мај
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Мч-ци Тимотеј и Мавра (286); +Преп. Теодосиј Киево-Печерски (1074)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Таков е кај нас законот: ако простуваш, тоа значи дека и тебе Господ ќе ти прости, ако не простуваш, тоа значи дека и твојот грев останува со тебе.

Преп. Силуан Атонски
Записи. VII, 9

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк