Православен календар

Светите маченици Мануил, Савел и Исмаил

17 јуни (по стар стил)

Браќа по тело, Персијци, од татко незнабожец и мајка христијанка. Крстени и воспитани во христијански дух. И како христијани беа високи чиновници кај царот Аламундар. Беа испратени кај царот Јулијан Отстапник за да ги водат преговорите за утврдување на мирот меѓу персиското и грчко-римското царство. Царот Отстапник приреди некаква скверна свеченост за идолите во Халкидон. На таа свеченост царот и големците им принесуваа жртви на идолите. Персиските пратеници отсуствуваа од таа прослава. Царот ги повика и им нареди и тие да земат учество во свеченоста, да им принесат жртви на боговите. Тие тогаш изјавија дека се странски поданици, дека се дојдени како пратеници на царот персиски заради воспоставувањето мир меѓу двете царства, а не за нешто друго; дека се христијани и дека сметаат за недостојно да им се поклонуваат на мртвите идоли и да им принесуваат жртви. Царот се разјари и ги фрли во затвор. Утредента повторно ги изведе и почна да се препира со нив за верата, но светите браќа беа непопустливи и непоколебливи. Тогаш ги врзаа голи на дрвја и ги стружеа со железни четки. Непрестајно за време на мачењето Му се молеа на Бога, благодарејќи Му за маките: „Најсладок Исусе, овие маки ни се слатки заради љубовта Твоја!“ Ангел Божји им се јави, ги утеши и им ја одзеде секоја болка. Наспроти сите обичаи на меѓународните односи, свирепиот цар Јулијан најпосле изрече пресуда овие тројца браќа да бидат убиени со меч. Кога ги расекоа, настана голем земјотрес, земјата се расцепи и ги прими телата на светите маченици во себе, за да не бидат запалени од незнабошците по наредба на царот. Отпосле, земјата ги исфрли телата на мачениците, па беа најдени и чесно погребани од христијаните. Над нивните мошти се случија многубројни чуда, коишто мнозина од незнабошците што ги видоа ги приведоа кон христијанската вера. Кога царот персиски дозна дека Јулијан Отстапник нечовечно ги предаде на смрт неговите пратеници, спреми војска против него. А Јулијан Отстапник се крена на Персиското царство, уверен во својата победа. Но, беше срамнет и поразен, и самиот загина срамно, на радост и за смеа на целиот свет.

Сподели на твитер
днсМарт 2023
С116
Ч217
П318
С419
Н520
П621
В722
С823
Ч924
П1025
С1126
Н1227
П1328
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
16
стар
стил
Март
29
Март
нов
стил
Сре., Велик Пост. (Канон на свети Андреј Критски). Строг пост.
Ап. од 70-те Аристовул, еп. Британски (I); Мч. Савин Египетски (287)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Затоа ние страдаме, затоа што немаме смирение, и затоа што не го љубиме братот. Поради љубовта кон братот доаѓа љубовта Божја. Луѓето не се учат на смирение, и поради својата гордост не можат да ја примат благодатта на Светиот Дух, и затоа страда цел свет.

Преп. Силуан Атонски
Списи, XVI.4,6

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк