Православен календар

Свети Ефрем, патријарх српски

15 јуни (по стар стил)

Роден во Трново, Бугарија. Беше син на свештеник и од рана возраст тежнееше кон духовен и подвижнички живот. Кога родителите сакаа да го женат, тој избега на Света Гора. Живееше во манастирот Хиландар, а потоа во Зограф, за на крај да се подвизува на самата планина Атос. Поради наездата на Турците, се врати од Света Гора и се насели во манастир близу Пловдив, а подоцна замина во испосница во близина на манастирот Дечани. По упокоението на патријархот Сава, во 1375 година, се јавија многу кандидати за патријаршискиот трон, но соборот на српските архијереи неочекувано го избра за патријарх преподобниот испосник Ефрем, кој горко заплака кога ја чу неочекуваната вест, но не можеше да го откаже изборот. Во 1382 година повторно се повлече во испосништво, предавајќи му го патријаршискиот престол на Спиридон. По смртта на Спиридон, во 1389 година, повторно се врати на патријаршиската должност. Ја управуваше српската црква во тешкото време на косовската пропаст, па сè до изборот на патријархот Даниил во 1392 година, кога повторно се пресели во испосница, во околината на Пеќ. Мирно се упокои во 1399 година, на 88 годишна возраст, и се пресели кај Господа, кого го љубеше. Седум години по неговата смрт, неговите мошти беа најдени нетлени и сега се наоѓаат во манастирот во Пеќ.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
10
стар
стил
Април
23
Април
нов
стил
Вто., Велик Пост. Строг пост.
Мч-ци Терентиј, Помпиј, Африкан, Максим, Зинон, Александар и други (251)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кажувај му сè на духовникот и тогаш Господ ќе те помилува и ќе ја избегнеш прелеста. А ако помислиш дека во духовниот живот ти знаеш повеќе од духовникот и престанеш на исповед да му говориш што ти се случува, тогаш за таа гордост неизоставно ќе ти се допушти некаква прелест – за да се вразумиш.

Преп. Силуан Атонски
Списи, XVII.13

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк