Православен календар

Свети Методиј, патријарх Цариградски

14 јуни (по стар стил)

Родум од градот Сиракуза во Сицилија. Кога заврши со светското школување се замонаши и почна да се подвизува во манастир. Патријархот Никифор го зеде на служба кај себе. Во времето на иконоборните цареви насекаде се прочу како одличен бранител на иконопочитувањето. Свирепиот цар Теофил заради тоа го затвори на еден остров. Во затвор со двајца обични разбојници помина седум години во влага, без светлина и доволно храна, како во гроб. Во времето на благочестивата царица Теодора и нејзиниот син Михаил беше ослободен и избран за патријарх (според претходното пророштво на светиот Јоаникиј Велики). Во првата недела од Чесниот Пост, Методиј свечено ги внесе иконите в црква и напиша канон во чест на иконите. Не можејќи да му го најдат крајот никако, еретиците најмија една жена којашто изјави дека патријархот со неа имал нечисти телесни односи. Сиот Цариград се возмути од таа клевета. Не знаејќи како поинаку да ја докаже својата невиност, патријархот прејде преку срамот и се слече гол пред судот којшто сам го побара и го покажа своето суво и истоштено тело. Судот очигледно се увери дека патријархот е наклеветен. Штом чу за ова народот се израдува, а се посрамија еретиците. Тогаш и онаа жена призна дека била наговорена и потплатена за да ја изнесе таа клевета против Божјиот светител. И така, оние што мислеа да му нанесат срам на Методиј и не сакајќи му ја зголемија славата. Овој голем исповедник на верата мирно се упокои во 846 година и се пресели во Царството Божјо.

Сподели на твитер
днсМај 2026
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
8
стар
стил
Мај
21
Мај
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Вознесение
Господово
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Сè што ќе изгубиш поради името Божјо - ќе го сочуваш; сè што ќе зачуваш за себеси ќе го изгубиш. Сè што ќе дадеш во името Божјо ќе го добиеш со добивка; сè што ќе дадеш поради сопствена слава и гордост исто како да си го фрлил во вода. Сè што примаш од луѓето како од Бога ќе ти донесе радост, сè што примаш од луѓето како од луѓе ќе ти донесе грижа.

Св. Николај Охридски
Мисли за доброто и злото

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк