Православен календар

Света Ана и нејзиниот син Јован

13 јуни (по стар стил)

Како сираче беше земена во куќа на големци и како посвоенче однегувана и воспитана таму. Бидејќи добродетелна девојка, овој големец ја омажи за неговиот син. Кога умре старецот големец, навалија роднините врз неговиот син да си ја остави жената од ниско потекло и да се прежени за некоја којашто може да му прилега со богатството. Но, синот на големецот се боеше од Бога и не сакаше да го направи ова. Гледајќи го мажот во раздор со роднините, Ана го остави тајно и побегна на некој далечен остров, каде што немаше жива душа. На овој остров, пак, дојде бремена и наскоро роди син. Се подвизуваше таму триесет години во пост и молитва. Тогаш, по Божја Промисла, дојде на островот еден јеромонах, којшто го крсти нејзиниот син со името Јован. Се подвизуваше оваа света душа во 5 век и мирно се упокои.

Сподели на твитер
днсЈуни 2023
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
24
стар
стил
Мај
6
Јуни
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Преп. Симеон столпник (596); Преп. Никита, столпник Переславски (1186)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Во сè што ќе сретнеш во Писанијата барај ја целта на кажаното за да проникнеш во длабочината на мислите на светиите и со поголема точност да ги разбереш... Кон читање на Светото Писмо не пристапувај без молитва и без да испросиш помош од Бога... Молитвата сметај ја за клуч кон вистинското разбирање на она што е кажано во Божествените Писанија.

Преп. Исаак Сирин
Поуки, 1, 85

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк