Православен календар

Преподобен Петар Атонски

12 јуни (по стар стил)

Родум Грк, а по занимање војник. Војувајќи еднаш против Арапите беше заробен, окован во пранги и фрлен во затвор. Остана долго во затворот на градот Самара, на реката Еуфрат, а постојано Го молеше Бога да го ослободи од затворот за да може сиот да се посвети на молитвен подвиг. Во затворот му се јави свети Симеон Богопримец со свети Николај, му ги допре со својот жезол прангите и тие се стопија како восок, а Петар одеднаш се најде надвор од градот. Веднаш тргна на пат за Рим, каде што на гробот на светиот Апостол Петар беше потстрижен за монах од самиот папа. Потоа со кораб повторно тргна на Исток. Во сон му се јави Пресвета Богородица со свети Николај и му рече на светиот Николај дека самата му ја одредила на овој Петар Гората Атонска за подвиг. Дотогаш Петар немаше ни чуено за Атонската Гора. Отиде на Света Гора, се всели во една пештера, во која живееше педесет и три години во тешки подвизи, во борба со гладот и жедта, жегата и мразот, а најмногу со демонските сили, се дури не ги совлада со помош на Бога. Кога ги издржа првите искушенија и добро ги положи првите тешки испити пред Бога, почна Ангел Господов да му носи леб секои четириесет дена. Неколкупати му се јавуваше искушувачот-ѓавол во вид на светол ангел, но Петар го отфрли со знакот на Крстот и со името на Пресвета Богородица. Една година пред смртта го пронајде некој ловец кога ловеше елени на Атон и од усните на светителот чу за неговото житие. Се упокои во 734 година. Моштите му беа пренесени во Македонија.

Сподели на твитер
днсОктомври 2021
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Октомври
16
Октомври
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Свмч-ци Дионисиј Ареопагит, еп. Атински, Рустик презв., Елефтериј ѓак. (96)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Барај го она што е најпросто во сè - и во храната и во облеката и немој да се срамиш од сиромаштијата; затоа што поголемиот дел од светот е сиромашен. Не вели: јас сум син на богат човек, мене ми е срам да бидам сиромав. На светот нема побогат од Христа, твојот Отец Небесен, Којшто те родил во купелот, но и Он бил сиромав и немал каде глава да потслони.

Св. Генадиј Константинополски
Златна алка, 24-25

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк