Православен календар

Светиот Митрофан и со него други 222 Кинески исповедници и маченици

11 јуни (по стар стил)

Пострадани за време на т.н. „Боксерско востание“, во 1900, кое беше насочено против туѓинците и против христијаните. Бунтовниците ги запалија просториите на православната мисија и многумина од христијаните, криејќи се, се собраа во домот на свештеникот Митрофан (кој беше ракоположен за свештеник од самиот свети Николај Јапонски). Бунтовниците го опкружија домот на Митрофан, во кој тогаш беа собрани околу 70 христијани, меѓу кои и жени и деца. Митрофан ним им беше ангел-утешител, кој ги бодреше и тешеше пред да го задобијат венецот на славата. Бунтовниците сите ги мачеа и повеќето од нив издивнаа истиот ден, од раните од мачењето. Меѓу еден од оние што останаа живи по тој напад, беше 8-годишниот Јован, на кого му ги расекоа рамениците и му ги отсекоа ножните прсти, носот и ушите. Наредниот ден, без облека и обувки, тој седеше на влезот и на прашањето на луѓето дали го боли, одговараше - не. Децата му се потсмеваа, нарекувајќи го „следбеник на ѓаволот“. Но, тој одговараше: „Јас сум следбеник на Христос Бог“. Јован бараше вода кај соседите, но тие не само што не му ја даваа, туку и го бркаа. Иако раните беа многу длабоки, момченцето не чувствуваше болка и кога повторно го фатија, не покажуваше страв. Придружуван од потсмев и навреди од страна на своите сограѓани безбожници, беше заклан како јагне. Меѓу постраданите за Христос имаше и Албазинци, потомци на оние славни Албазинци што ја донесоа светлоста на Христовата православна вера во 1685 година во главниот град на Кина, Пекинг, и ја сочуваа верноста кон неа. За верност кон светото православие Господ ги награди нивните потомци со славата на мачеништво и исповедништво. Вкупно пострадаа 222 христијани и се здобија со маченички венци.

Сподели на твитер
днсНоември 2025
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Ноември
15
Ноември
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Мч-ци Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор, Анемподист и други со нив (345)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако некој посака да се заштити од заблуди и да остане во здравата вера должен е да ја огради својата вера како прво со авторитетот на Светото Писмо, а како второ со Преданието на Црквата. Но, можеби некој ќе праша: „канонот на Писмата е совршен и доволен за сè, зошто кон него да го присоединуваме авторитетот на Преданието?“ Затоа што Писмото не го разбираат сите исто, и еден го толкува вака, друг инаку, така што од него може да се извлечат толку толкувања колку што постојат глави. И затоа е неопходно да се раководиме според црковното разбирање... Што е тоа Предание? Тоа во што во Црквата верувале сите, секогаш и насекаде... Тоа што си го примил, а не тоа што си го измислил... бидејќи наш долг е не ние да ја водиме религијата каде што ќе посакаме, но да последуваме каде таа ќе нè одведе, и не своето да им го предадеме на потомците, туку да го зачуваме она што сме го примиле од предците.

Преп. Викентиј Лерински
Записи на Перегрин

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк