Православен календар

Светиот апостол Варнава

11 јуни (по стар стил)

Еден од седумдесетте апостоли. Роден на Кипар, од богати родители од племето Левиево, и заедно со Савле се учеше кај Гамалиил. Името му беше Јосиф, но апостолите го завикаа Варнава, што значи „Син на Утехата“, зашто вонредно умееше да ги утешува човечките души. Кога Савле се обрати, тој прв го внесе меѓу апостолите. Потоа со Павле и со Марко го проповедаше Евангелието во Антиохија и по други места. По сè изгледа, тој прв проповедаше и во Рим и во Милано. Пострада на островот Кипар, од Евреите, и Марко го погреба на западните порти од градот Саламина, со Евангелието на евангелистот Матеј на градите, коешто самиот рачно го препиша. Неговиот гроб остана непознат неколку векови, но со оглед дека многумина добиваа исцеленија на тоа место, се нарече „место на здравјето“. Во времето на царот Зинон, кога беше Халкидонскиот Собор, апостолот му се јави на Кипарскиот архиепископ Антим, и тоа трипати во три ноќи, и му го објави својот гроб. Ова стана токму во времето кога властољубивиот патријарх Антиохиски Петар бараше Кипарската Црква да биде под власта на Антиохиската столица. Но, по јавувањето и откривањето на чудесните мошти на светиот апостол Варнава беше востановено Кипарската Црква, како апостолска, да биде самостојна за навек. Така настана автокефалијата на Кипарската Црква.

Сподели на твитер
днсЈуни 2026
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Јуни
18
Јуни
нов
стил
Чет., Апостолски пост. Масло.
Свмч. Доротеј, еп. Тирски (362)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Господ Го дал на земјата Светиот Дух, и во оној во кого Он живее, тој го чувствува рајот во себе. Можеби ти ќе речеш: „зошто во мене нема таква благодат?“ Затоа што ти не си се предал на волјата Божја, но живееш по својата. Погледнете на оној којшто ја љуби својата волја. Тој никогаш нема мир во својата душа и секогаш заради нешто не е задоволен. А оној што совршено се предал на волјата Божја, тој има чиста молитва, неговата душа Го љуби Господа и нему сè му е пријатно и мило.

Преп. Силуан Атонски
Списи. VI. 14

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк