Православен календар

Свети Кирил Белоезерски

9 јуни (по стар стил)

Роден и воспитан e во Москва во куќа на големци. Потстрижен во Симоновиот манастир, каде што со подвигот ги восхитуваше сите други монаси. За да ги скрие своите добродетели, се правеше јуродив. Имаше разговарано со самиот свети Сергиј Радоњежски и од него прими многу корисни поуки. Беше избран за игумен на манастирот против неговата желба. Но, постојано ѝ се молеше на Пресветата Богородица да му го покаже местото каде што би можел да се подвизува во безмолвие. Една ноќ виде голема светлина и чу глас: „Кириле, излези одовде и оди на Бело Езеро!“ И тој навистина излезе од Симоновиот манастир, и со еден другар отиде во белоезерските предели и таму, во густата борова шума, почна да се подвизува. Со време пустината се претвори во голема обител. Преподобен Кирил од Бога доби голем дар на чудотворство, па исцелуваше од болести и правеше многубројни други чуда. Се престави во 1429 година, во деведесеттата година од животот и отиде кај Господа, Кого сиот свој век Го љубеше со голем жар.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
11
стар
стил
Април
24
Април
нов
стил
Сре., Велик Пост. Строг пост.
Свмч. Антипа, еп. на Пергам Азијски (68); Преп. Јаков Железноборовски (1442)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Без покајание ние не можеме да направиме ништо достојно, но Господ многу нè милува заради нашата намера. Оној којшто се принудува да живее според заповедите и го држи покајанието до самиот крај, дури и да погреши во нешто, се спасува заради тоа што се принудувал себе си, бидејќи тоа Господ го ветил во Евангелието.

Преп. Марко Подвижник
Слова, 3

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк