Православен календар

Светиот свештеномаченик Маркел, папа Римски

7 јуни (по стар стил)

Во времето на Максимијан беше осуден да чува добиток на едно место. За да му угоди на Диоклецијан, којшто го зеде за соцар, Максимијан почна да ѕида во Рим бањи, т.н. Терми и ги гонеше христијаните на тој труд како некогаш Фараонот Евреите во Египет. Мнозина христијани тогаш пострадаа. Пострада и ѓаконот Киријак, којшто имаше голема моќ над демоните и којшто ја исцели демоноопседнатата ќерка на Диоклецијан, Артемија, па и ќерката на персискиот цар, Јовија, и ги крсти и едната и другата. Пострада тогаш и таа Артемија и ѓаконите Синисиј, Смарагд и Ларгиј, другарите на Киријак и ѓаконот Апронијан, и двајцата новокрстени римски војници Папиј и Мавр, и старецот Сатурнин, и Крискентијан, и блажените девици Прискила и Лукина, коишто од своето богатство направија гробници за испоубиените христијански маченици. Светиот папа Маркел долго чуваше добток, па најпосле во глад и понижувања, гнетен од војниците издивна и Му ја предаде својата душа на Бога.

Сподели на твитер
днсЈуни 2026
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
24
стар
стил
Мај
6
Јуни
нов
стил
Сабота. Оддание на Педесетница. Не се пости.
Преп. Симеон столпник (596); Преп. Никита, столпник Переславски (1186)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Претходните гревови, ако се враќаат во сеќавањата, штетат. Бидејќи ако тие носат со себе жал тогаш оддалечуваат од надежта, а ако се преставуваат без жал тогаш ја внесуваат во нас претходната скверност. Ако сакаш да Му принесеш на Бога неосудено исповедање, тогаш немој да се потсетуваш на гревовите според нивниот вид, но мажествено трпи ја скрбта која доаѓа поради нив.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 2. 151, 153

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк