Православен календар

Светиот маченик Философ

31 мај (по стар стил)

Овој Христов маченик беше родум од околината на Александрија. Во времето на прогонствата на христијаните, свети Философ не сакаше да се одрече од Господа Христа пред незнабожните кнезови и судии. Заради ова незнабошците го ставија на лути маки. Откако беше мачен со најразлични маки, го положија најпосле во мека постела, му ги врзаа рацете и нозете и му пуштија една развратна жена да го наведе на грев. Кога светиот Философ почувствува дека во него се буди желба од допирот на женските раце, тој со заби си го стегна јазикот, со сета сила го откина и го плукна во лицето на блудницата. Од тоа похотта во него згасна, а блудницата толку се ужасна, што веднаш побегна од него. Потоа беше убиен со меч, околу 252 година, на млади години, па се пресели во царството на вечната младост.

Сподели на твитер
днсЈуни 2021
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
8
стар
стил
Јуни
21
Јуни
нов
стил
Понеделник. Не се пости.
Ден на Светиот Дух
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Расудливиот човек, размислувајќи за исцелителноста на Божјата Промисла, со благодарност ги поднесува несреќите коишто му се случуваат, причините за нив тој ги гледа во своите сопствени гревови, а не во нешто друго. Неразумниот, пак, кога греши и добива за тоа казна, како причина на своите несреќи Го смета или Бога или другите луѓе, и не ја разбира премудрата грижа на Бог за него.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 2.46

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
© Денови.мк