Православен календар

Светиот маченик Ермиј

31 мај (по стар стил)

Остаре како царски војник и на старост пострада за Христа. Откако злобниот судија залудно го одвраќаше од верата во Христа и залудно го советуваше да им принесе жртви на идолите, нареди и забите му ги исчукаа со камења, а кожата од лицето му ја одраа со нож. Потоа го фрлија во огнена печка, но тој стана, сочуван од благодатта Божја. Потоа го испи најлутиот отров, којшто некој волх му го даде на наредба од судијата, но отровот воопшто не му наштети. Кога го виде тоа, волхот толку се изненади, што јавно Го исповеда Христа, за што веднаш беше убиен со меч. Потоа на Ермиј му ги ископаа очите, но тој не се жалеше, туку му викна на судијата: „Земи си ги овие телесни очи што ја гледаат суетата на светот, јас имам очи на срцето, со коишто јасно ја гледам Светлината на Вистината“. Потоа беше главечки обесен, но тие што го обесија ослепеа и се тетеравеа околу него. Свети Ермиј ги повика кај себе, ги положи рацете на нив и со молитва кон Господ им го врати видот. Кога го виде ова судијата се разјари како лав, па извади нож и му ја отсече главата на Божјиот човек. Христијаните скришно го зедоа телото на Ермиј и чесно го погребаа. Неговите мошти им даваа исцеление на сите болни и неволни.

Сподели на твитер
днсАприл 2025
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
10
стар
стил
Април
23
Април
нов
стил
Сре., Светла седм. Не се пости.
Мч-ци Терентиј, Помпиј, Африкан, Максим, Зинон, Александар и други (251)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако имаш грешна навика да ги осудуваш луѓето, тогаш, кога ќе осудиш некого направи во тој ден три земни поклони со оваа молитва: „Спаси го Господе и помилуј тој и тој (оној кого што си го осудил) и по неговите молитви помилуј ме грешниот.“ Така прави секој пат кога некого ќе осудиш. Ако го исполниш тоа, Господ ќе го види твојот напор и засекогаш ќе те избави од таа гревовна навика. А ако не осудуваш никого, тогаш Бог никогаш нема да те осуди и така ќе се спасиш.

Св. Свешт-испов. Сергиј Правдољубов

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк