Православен календар

Преподобна Макрина

30 мај (по стар стил)

Баба на Свети Василиј Велики. Беше прекрасна во умот и во благочестието. Ученичка на светиот Григориј Неокесариски чудотворец. Во времето на Диоклецијан го напушти својот дом и со мажот ѝ, Василиј, се криеја по шумите и пустините. Нивниот имот беше конфискуван, но тие не жалеа за тоа. Лишени од сè освен од љубовта кон Бога, се населија во една прастара шума, во која поминаа седум години. По Божја Промисла, кози се спуштаа од планините и им се подаваа, па тие се хранеа така. Обајцата се упокоија мирно во 4 век, после многу страдања за верата Христова.

Сподели на твитер
днсЈуни 2025
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
6
стар
стил
Јуни
19
Јуни
нов
стил
Чет., Апостолски пост. Масло.
Преп. Висарион Египетски (IV-V); Преп. Иларион Нов (845)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Постот, молитвата, милостината и сите други христијански дела сами по себе си добри, но целта на христијанскиот живот не се состои само во нивното извршување. Вистинската цел на нашиот христијански живот е здобивање на Светиот Дух Божји. Постот, молитвата, милостината и секое добро направено поради Христа се средства за добивање на Светиот Дух. Забележете дека само она добро дело кое се извршува поради Христа ни принесува плодови на Светиот Духот, а сè што не е направено поради Христа, дури и да е добро, не ни носи награда во идниот век, а и во овдешниот живот не дава благодат Божја. Ете зошто нашиот Господ Исус Христос рекол: „Кој не собира со Мене, тој растура“ (Мт. 12. 30).

Преп. Серафим Саровски
Беседа за целта на христијанскиот живот

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк