Православен календар

Свети Лука исповедник, архиепископ Кримски

29 мај (по стар стил)

Светиот угодник Божји Лука, кој засвети во соборот на светителите на Црквата Христова како исповедник, се покажа пример за добар пастир, кој ги лекува како душевните, така и телесните болести, бидејќи во себе ги спои службите на архипастир и лекар. Неговите богословски трактати ја разгоруваат верата и ги убедуваат оние кои се сомничави за вистинитоста на Божјото битие, побивајќи ги различните псевдонаучни теории. Со својот подвиг светителот покажа што значи тоа да се носи крстот Христов. Роден е во 1877 година; по завршувањето на гимназијата сакаше да се определи за призив кој е полезен за страдалниот народ, и оттаму ја одбра медицината. По завршувањето на универзитетското образование се занимаваше со медицинска практика и научни истражувања. Во 1920-тите години работеше како хирург во Ташкент, каде што активно земаше учество во црковниот живот, посетувајќи ги заседанијата на црковното братство. Епископот Ташкентски му рече: „Докторе, Вие треба да бидете свештеник“, и тој тоа го прими како Божји призив. По тригодишно служење како свештеник, тој прими монашки потстриг и го зеде името Лука, според евангелистот и лекар Лука. Во 1923 година беше ракоположен за епископ. Од тоа време започнува крстниот пат на владиката како исповедник. Многукратно беше апсен, измачуван и затворан, но ништо не ја ослабе ревноста на светителот во исполнувањето на архипастирската должност и служењето на луѓето како лекар. Од 1946 година, па до своето упокојување во 1961 година тој управуваше со Кримската епархија. Се упокои на денот кога се празнуваат сите светители кои засветлиле во Руската земја. Ниту по смртта, овој пастир не ја остави својата паства, туку по неговите молитви се случуваа многубројни исцеленија. Во 1996 година неговите мошти беа најдени цели, и тие денес почиваат во катедралниот храм на Светата Троица во Симферопол.

Сподели на твитер
днсДекември 2023
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Ноември
5
Декември
нов
стил
Вто., Божикен пост. Масло.
Ап. од 70-те Филимон и Архип и мч. рамноап. Апфија (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ве молам обидете се. Ако некој ве жалости, или ве бесчести, или зема нешто ваше, тогаш молете се вака: „Господе, сите ние сме Твои созданија; сожали се на Твоите слуги и обрати ги кон покајание“, па ќе ја почувствувате во вашата душа благодатта. Принуди го твоето срце да ги љуби своите непријатели и Господ, кога ќе ја види твојата желба, ќе ти помогне во сè, и Самиот ќе те поучи. А оној што лошо мисли за своите непријатели, во него нема љубов Божја и таквиот не Го познал Бога.

Преп. Силуан Атонски. Списи. IX. 21

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк