Православен календар

Свети Јован Рус, исповедник

27 мај (по стар стил)

Роден е кон крајот на 17 век во Малорусија. Служеше како војник во армијата на Петар I и учествуваше во руско-турската војна. Беше заробен од татарите, и предаден на Турците. Турците се обидуваа затворениците да ги преобратат во муслиманската вера, и оние кои се противеа беа многу мачени. Но, при сето тоа младиот Јован не потклекна, туку остана цврст во својата вера. Некој турски бег го купи за да му биде роб, го постави да живее во штала, помеѓу животните, и постојано го малтретираше за да се откаже од верата, но светиот Јован му рече: „Ќе ти служам во сè, но дури и да ме убиеш нема да се откажам од Христа и од православната вера.“ Помина повеќе години живеејќи заедно со скотовите и поднесувајќи секакви малтретирања и потсмевања, но сепак, тој ревносно му служеше по цели денови на својот господар, бегот, додека ноќите ги поминуваше во молитва кон Господа. Повремено, скришум одеше да се моли во блискиот храм на великомаченикот Георгиј, каде што се причестуваше на празниците. Поради неговата смиреност, Господ почна преку него да врши разни чудеса. Еднаш, кога неговиот господар, бегот, беше на аџилак во Мека и Медина, неговите домашни приготвија трпеза и силно посакуваа и бегот да јаде заедно со нив, бидејќи беше подготвено неговото омилено јадење. Кога го чу тоа, Јован зеде една чинија и рече: „Јас ќе му ја однесам оваа храна на мојот господар.“ На тоа сите се изнасмејаа, и заради потсмев му дадоа една чинија од јадењето, а кога тој подоцна им соопшти дека му го предал јадењето на бегот, го обвинија дека самиот го изел. Но, кога бегот се врати од патувањето, ја донесе со себе чинијата која го носеше обележјето на неговиот дом, и раскажа дека на чудесен начин му била принесена во пустината. По тој настан, бегот го ослободи Јован и му дозволи да живее како што сака, но Јован замоли да остане да живее во шталата како и до тогаш. Заради сите маки, се упокои на млада возраст од 36 години. Пред смртта, побара свештеникот да го причести, а свештеникот плашејќи се да дојде со Светата Причест во домот на турскиот бег, ја скри Причеста во едно јаболко кое му го даде на Јован. По причестувањето, Јован му ја предаде својата душа на Господа, на 27 мај 1730 година. Три години по неговото упокоение, на местото каде што беше закопан христијаните навечер гледаа столб од светлина, та се решија да го откопаат, и го најдоа неговото тело сосема нераспаднато. Светителот почнаа да го почитуваат не само православните, туку и Ерменците и Турците. Неговите мошти сè уште се нераспаднати и се наоѓаат на островот Евија, во Грција, и постојано преку нив се случуваат многу исцеленија и чудеса.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
6
стар
стил
Април
19
Април
нов
стил
Пет., Велик Пост. Строг пост.
+Св. Методиј, архиеп. Моравски (885); Св. Евтихиј, архиеп. Констант. (582)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Нашиот свет се раководи според два принципи и извори: според Бога и според ѓаволот. Сè што е добро во човечкиот свет како свој почеток и извор Го има Бога, а сè што е лошо како свој почеток и извор го има ѓаволот.

Преп. Јустин Поповиќ
Толкување на 1Јн. 3,11

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк