Православен календар

Свети Давид Гареџиски

27 мај (по стар стил)

Еден од тринаесетте отци грузиски (под 7 мај). Наречен така заради Гареџиската Пустина во близина на Тифлис, каде што се подвизуваше. На старост, со неколкумина ученици реши да ја посети Светата Земја. Го остави, манастирот да го управуваат старците Лукијан и Додо и тргна на пат. Кога стигнаа до еден рид од кој се гледаше Јерусалим, Давид заплака и рече: „Како да се дрзнам со овие мои грешни нозе да одам по стапките на Богочовекот?“ Па им рече на своите ученици тие, како достојни, да појдат да им се поклонат на светињите, а тој зеде три камења и се врати назад. Но, Господ не даде да се сокрие од светот тоа смирение и Ангел му јави на Илија, патријархот Јерусалимски и му рече: „Испрати веднаш по старецот што се враќа за Сирија, тој носи три камења, и со себе ја однесе сета благодат на Светата Земја, нему за благослов му е доволен еден, нека ги врати другите два во Јерусалим. Тој старец е авва Давид Гареџиски“. Патријархот брзо испрати луѓе да го стигнат старецот Давид и да му ги земат двата камена, а него да го пуштат. Оној третиот камен до денес лежи на неговиот гроб и има чудотворна целебна сила.

Сподели на твитер
днсАприл 2025
В119
С220
Ч321
П422
С523
Н624
П725
В826
С927
Ч1028
П1129
С1230
Н1331
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
17
стар
стил
Април
30
Април
нов
стил
Среда. Пост.
Прмч. Кипријан Слепченски (1780)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

На гордата душа Господ не ѝ се јавува. Гордата душа, дури и сите книги да ги изучи - никогаш нема да го познае Господа, бидејќи таа со гордоста своја не прави во себе место за благодатта на Светиот Дух, а Бог се познава само преку Светиот Дух.

Преп. Силуан Атонски
Писанија III.11.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк