Православен календар

Преподобниот маченик Михаил

23 мај (по стар стил)

По смртта на своите родители, овој Михаил го раздаде сиот свој имот на сиромасите, а самиот отиде на поклонение на светостите во Ерусалим. Потоа стапи во обителта на Свети Сава Осветен и таму се замонаши. Михаил беше млад и убав на лице, но од строгиот пост беше сув и блед. Во тоа време со Ерусалим владееја Арапите. Еден ден духовниот отец го испрати Михаил да отиде во градот за да го продаде ракоделието. На улица го сретна евнух на арапската царица и го одведе кај царицата за да ѝ го покаже неговото ракоделие. Кога виде убав монах, царицата се распали со нечиста похот и му предложи на монахот телесен грев, како некогаш жената Петефриева на целомудрениот Јосиф. Штом Михаил го одби скверниот предлог и почна да бега, гневната царица нареди да го бијат со стапови, а потоа го обвини кај царот дека божем хулел на верата Мухамедова. Царот му предложи да ја прими таа вера, но тој одби. Тогаш му дадоа некој јак отров за да го отрујат, но тој го испи отровот и не му беше ништо. По ова царот нареди и го убија со меч насред Ерусалим. Монасите го најдоа неговото тело и го пренесоа во обителта на Свети Сава, каде што беше чесно погребан. Пострада за Христа и се прослави во 9 век.

Сподели на твитер
днсАвгуст 2026
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Август
17
Август
нов
стил
Пон., Успенски пост. Строг пост.
Св. 7 маченици младенци во Ефес
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не ја занемарувај заповедта за љубовта, бидејќи преку неа ти ќе станеш син Божји, а нарушувајќи ја ќе станеш син на геената.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 4.20

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк