Православен календар

Светиот Јован Владимир, кнез српски

22 мај (по стар стил)

Јован, или Иван Владимир, управуваше со областите Зета и Далмација, во втората половина на 10 век. По природа беше мирољубив, благочестив и добродетелен. Беше војсководец, но при тоа беше благ, редовно ги помагаше сиромашните и се одликуваше со длабоко познавање на Светото Писмо. Се грижеше за правилното исповедање на православната вера во народот, и многу еретици-богомили ги одврати од заблудата на ереста и ги врати во православната Црква. Бугарскиот цар Самуил го нападна и го зароби, та го стави во затвор во Преспа. Ќерката на царот Самуил, Косара, им носеше милостина на заробениците, и така го запозна Јован Владимир во затворот и се заљуби во него. Измоли од својот татко да го ослободи од затворот, и Самуил тоа го направи, го ослободи Јован Владимир, му ја даде својата ќерка Косара за жена, и го врати повторно да управува со своето кнежевство. По смртта на царот Самуил, на престолот дојде неговиот син Гавриил Радомир. Но, неговиот братучед Иван Владислав го уби, и седна на престолот. Сакајќи да се осигура дека Јован Владимир нема да се одмазди или да посегне по престолот, реши да го убие и него, и за таа цел испрати при него црковна делегација со која го повика да дојде во Преспа. Само што пристигна во Преспа, Иван Владислав го уби, отсекувајќи му ја главата. На ужас на убиецот, Јован Владимир ја зеде својата глава и носејќи ја во раце влезе во блиската црква каде што падна и ја предаде својата душа на Господа, на 22 мај 1016 година. Две години подоцна, Иван Владислав умре од страшна смрт, а неговото царство падна под византиско ропство 168 години. Нетлените мошти на Јован Владимир, кои се прославија со мироточење и со извршување на чудеса, се наоѓаат во Елбасан, Албанија, а дел од нив има и во Охрид, каде што е особено почитуван, додека чесната глава негова е во манастирот Зограф, на Света Гора.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Април
18
Април
нов
стил
Чет., Велик Пост. Строг пост.
Мч-ци Агатопод и други со него (303); Преп. Теодора Солунска (892)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Некој многу страда од сиромаштија и болести, но не се смирува, та затоа неговото страдање е без полза. А оној којшто се смирува, тој при секаква судбина ќе биде задоволен, затоа што Господ е неговото богатство и радост и сите луѓе ќе ѝ се восхитуваат на убавината на неговата душа.

Преп. Силуан Атонски
Списи, III.9

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк