Православен календар

Пренос на чесната риза на Господ Исус Христос

10 јули (по стар стил)

Во времето на страдањето на Господ Исус за човечкиот род, во одредот на римската војска во Ерусалим се наоѓаше и еден Грузиец Елиоз од градот Мцхет. Мајка му имаше слушнато за Христа и во срцето веруваше во Него. Кога го испрати сина си во војска во Палестина, го посоветува да не прави ништо против Христос. Кога беше Господ закован со клинци на крстот, звукот на чеканот на Голгота дојде до ушите на Елиозовата мајка во Мцхет. Штом го чу овој звук, таа возвикна: „Тешко мене што не умрев пред ова време, смртта ќе ме избавеше од овој страшен звук!“ Го рече тоа и падна мртва. Елиоз тогаш се наоѓаше под Крстот заедно со другите војници и фрлаше коцка за ризата Христова. На коцка ризата му падна нему, па тој ја донесе во Мцхет и ѝ ја подари на сестра си Сидонија. Оваа пак кога слушна за смртта на Господ и за тоа дека брат ѝ учествувал во крвопролевањето на невиниот, падна мртва, држејќи го цврсто во своите раце хитонот на Господ. Никој не можеше да ѝ го истргне од рацете и беа принудени да ја погребаат заедно со хитонот. Од нејзиниот гроб изникна кедар од којшто течеше исцелително миро. По време кедарот падна и местото го заборавија. Го пронајде света Нина, на која ѝ помогна огнениот столб што се јави на нејзината молитва над тоа место. Кога се крсти царот Миријан таму им подигна црква на светите апостоли. Во 1625 година шахот Аббас ја зеде ризата и ја испрати на дар во Москва на кнезот Михаил Фјодорович и на патријархот Филарет. Ризата ја поставија во Успенскиот Собор во Москва.

Сподели на твитер
днсЈули 2026
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Јули
14
Јули
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Бесребреници Козма и Дамјан, во Рим пострадани (284)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Со сите сили барај од Господа смирение и братска љубов, бидејќи за љубовта кон братот Господ бесплатно ја дава Својата благодат. Самиот испитај: еден ден барај од Бога љубов кон братот, а другиот живеј без љубов и тогаш ќе ја увидиш разликата.

Преп. Силуан Атонски
Списи, XVI. 8

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк