Православен календар

Преподобен Тома Малеин

7 јули (по стар стил)

Најпрво беше војвода, прочуен по богатството и по храброста. Во телото беше многу крупен и им задаваше страв на своите непријатели. Но кога Го засака Христа повеќе од светот и сè што е во светот, остави сè и се повлече во пустина, се замонаши и се предаде на подвиг. Му се јави свети пророк Илија и го одведе на гората наречена Малеа, до Света Гора. Овде тој живееше сам со Бога во деноноќна молитва. Иако се криеше од светот, не можеше да се сокрие. Кога дознаа за светоста на неговиот живот, луѓето почнаа да доаѓаат кај него и да му ги носат своите болни. И свети Тома ги лечеше од секоја болест и неволја. А кога се престави кај Бога (во 10 век), неговите мошти продолжија да им помагаат на сите коишто со вера им притекнуваа.

Сподели на твитер
днсФевруари 2026
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Без месоБез месо
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Февруари
18
Февруари
нов
стил
Среда. Без месо.
Мц. Агатија (251); Св. Теодосиј, архиеп. Черниговски (1696)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не вели дека само верата во нашиот Господ Исус Христос може да те спаси, бидејќи тоа е невозможно ако при тоа не се здобиеш и со љубов кон Него, засведочена со дела. Што се однесува до голата вера: и „бесовите веруваат и треперат“ (Јк. 2,19). Делото на љубовта се состои во усрдното правење на добро на ближниот, во великодушноста, трпението и благоразумното користење на работите.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 1.39-40

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк