Православен календар

Преподобен Сисој Велики

6 јули (по стар стил)

Родум Египќанин и ученик на свети Антониј. После смртта на својот голем учител свети Сисој се насели на пустинската гора наречена Антониева според местото на подвигот на великиот светител. Земајќи врз себе тешки подвизи толку се скроти самиот себеси, што стана незлоблив како јагне. Затоа Бог му даде голема благодат. Можеше да исцелува болни, да изгонува демони и да воскреснува мртви. Свети Сисој се подвизуваше шеесет години во пустината и беше како извор на жива мудрост за сите монаси и мирјани што му притекнуваа барајќи поука. Пред смртта лицето му заблеска како сонце. Монасите стоеја околу него и ѝ се восхитуваа на оваа појава. А кога светителот ја испушти душата, одајата се исполни со прекрасно благоухание. Се упокои во длабока старост, во 429 година. Ги учеше свети Сисој монасите: „Какво искушение и да го снајде човекот, тој треба да ѝ се предаде на волјата Божја и да признае дека искушението се случило заради неговите гревови. Ако пак се случи нешто добро, треба да се каже дека станало по Божја Промисла“. Еден монах го праша авва Сисој: „Како да Му угодам на Бога и да се спасам?“ Му одговори светителот: „Ако сакаш да Му угодиш на Бога, излези од светот, оддалечи се од земјата, остави ја тварта, пристапи кон Создателот, соедини се со Него со молитва и со плач и ќе најдеш спокојство и во овој и во оној век“. Друг монах го запраша авва Сисој: „Како да го достигнам смирението?“ Му одговори Светителот: „Кога некој ќе се извежба да го признава секој човек за подобар од себеси, ќе го стекне со тоа смирението“. Амон му се жалел на Сисој дека не може да ги запомни мудрите изреки што ги прочитал и да ги повтори кога разговара со луѓето. Му одговорил светителот: „Тоа не е нужно. Потребно е да се стекне чистота на умот и да се зборува од таа чистота, полагајќи ја надежта во Бога“.

Сподели на твитер
днсЈули 2026
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Јули
14
Јули
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Бесребреници Козма и Дамјан, во Рим пострадани (284)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Христијани, ги разбравме ли големите обврски кои преку крштението сме ги зеле на пред Бога? Осознавме ли дека сме должни да се однесуваме како деца Божји, дека сме должни да ја поистоветиме нашата волја со волјата Божја, дека треба да бидеме слободни од грев, дека сме должни да Го љубиме Бога се целото наше срце, и со нетрпение да го очекуваме соединувањето со Него засекогаш? Сме се размислиле ли за тоа дека нашето срце треба да биде исполнето со љубов, така што таа да се излива на нашиот ближен? Имаме ли ние чувство дека сме должни да станеме свети и совршени чеда Божји и наследници на Царството Божјо? Поради сето тоа ние сме должни да се бориме, за да не бидеме недостојни и исфрлени. Никој од нас да не ја изгуби својата смелост, да не биде невнимателен кон својата должност, да не се исплаши пред тешкотиите на духовната борба. Затоа што ние за помошник Го имаме Бога, Кој што нè крепи на тешкиот пат на добродетелите.

Св. Нектариј Егински
Пат кон среќата, 2

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк