Православен календар

Преподобномаченик Кипријан Нови

5 јули (по стар стил)

Роден е во селото Клицос во Епир. После смртта на неговите добри родители отиде на Света Гора, се замонаши и се предаде на подвиг во една ќелија близу манастирот Кутлумуш. Си наложуваше труд на труд и подвиг на подвиг, дури не стана прочуен и почитуван по цела Света Гора. Но самиот не беше задоволен со себе. Го мачеше помислата дека не може да се спаси поинаку, освен преку мачеништво за Христа. Ја остави значи Света Гора, отиде во Солун, излезе пред солунскиот паша и го повика да ја отфрли лажната мухамеданска вера и да ја прими верата Христова. Пашата нареди, та го изнатепаа и го избркаа надвор. Незадоволен од тоа мало страдање за Господ Исус, Кипријан отиде во Цариград, му напиша една хартија на великиот везир во којашто ја изложи лажноста на Мухамед и вистинитоста на Господ Христос. Везирот разлутен го испрати кај шеик-ул-исламот, а овој штом го ислуша Кипријан сè што имаше да каже, нареди да му ја отсечат главата. Радосен над секоја мера, Кипријан одеше на губилиште како на свадба. И така пострада за Христа овој Божји човек, на 5 јули 1679 година, остварувајќи си ја својата најтопла желба.

Сподели на твитер
днсЈули 2026
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
6
стар
стил
Јули
19
Јули
нов
стил
Недела. Не се пости.
+Преп. Сисој Велики (429); Собор на Радоњешките светители
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Ако не си во состојба да му ја затвориш устата на оној што го клевети својот пријател, тогаш, во краен случај, чувај се од општење со него.

Преп. Исаак Сирин. Поуки, 89.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк