Православен календар

Свети Анатолиј, патријарх Цариградски

3 јули (по стар стил)

Најпрво беше презвитер во Црквата александриска, но по смртта на патријархот Флавијан беше возведен за патријарх на цариградскиот престол, во 449 година. Цариградскиот престол е признаен за рамен на Римскиот во негово време, и тоа на Вселенскиот Собор во Халкидон, во 451 година. Овој свет патријарх се бореше многу за чистотата на православната вера, многу страдаше од еретиците, додека најпосле не беше и убиен од нив во 458 година, во времето на царот Лав Велики. Со Црквата управуваше близу девет години, а потоа се пресели меѓу нејзините свети јерарси.

Сподели на твитер
днсНоември 2025
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
2
стар
стил
Ноември
15
Ноември
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Мч-ци Акиндин, Пигасиј, Афтониј, Елпидифор, Анемподист и други со нив (345)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Смирението се состои во тоа во никој случај да не се сметаш себеси за нешто, во сè да ја отсекуваш својата волја, на сите да им се покоруваш и без вознемирување да го поднесуваш тоа што ќе ти дојде однадвор. Такво е вистинското смирение во кое нема место за суетата. Смирениот не треба да се труди да го покажува своето смирение со зборови, а исто така не треба намерно да прави ниски дела - бидејќи и едното и другото водат кон суета, му пречат на успехот и причинуваат повеќе штета отколку полза. Но, кога нешто ќе му заповедаат не треба да противречи, туку да го исполни тоа со послушание, и тоа е она што води кон успех и во вистинско смирение.

Преп. Јован Пророк
Раководство, 275

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк