Православен календар

Свети Јувеналиј, патријарх Ерусалимски

2 јули (по стар стил)

Современик на големите светила на Црквата Христова: Ефтимиј, Теодосиј, Герасим, Симеон Столпник и други. Учествуваше на два Вселенски Собори: на Третиот во Ефес и на Четвртиот во Халкидон и со голема сила и ревност се бореше против богохулните ереси: во Ефес против Несториј којшто Ја нарекуваше Богородица Христородица и во Халкидон против Евтихиј и Диоскор, коишто учеа дека Христос имаше само една природа, т.е. Божествената, без човечката. После победата на Православието на овие два Собори, Јувеналиј се врати на својот престол во Ерусалим. Но иако ересите беа осудени, еретиците не беа истребени. Од сплетките и насилството на некој Теодосиј, пријател на Диоскор, Јувеналиј беше протеран од престолот и Теодосиј самоволно се воздигна себеси на неговото место. Овој еретик Теодосиј во прво време го помагаше и царицата Евдокија, вдовицата на царот Теодосиј Помладиот, којашто се имаше населено во Ерусалим. Колеблива и брзоплета, Евдокија најпосле отиде кај Свети Симеон Столпник да го праша каде е вистината. Божјиот светител ги разобличи сите еретички учења и ја упати царицата да се држи за православното учење како што е утврдено на Соборите. Царицата го послуша, се покаја и самата се озлоби против лажниот патријарх Теодосиј. Тогаш во Цариград владееја Маркијан и Пулхерија. Царот му испрати писмо на војводата Атанасиј да го протера Теодосиј и на престолот да го врати Јувеналиј, како што набрзо беше и направено. Јувеналиј управуваше со ерусалимската Црква триесет и осум години како поглавар и во длабока старост се престави кај Господ за да ја прими од Него наградата за пребројните маки и неволји што ги претрпе за вистината. Во времето на свети Јувеналиј беше утврдено празнувањето на Божик на 25 декември.

Сподели на твитер
днсЈануари 2026
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
10
стар
стил
Јануари
23
Јануари
нов
стил
Петок. Пост.
Св. Григориј, еп. Ниски (395); +Св. Теофан Затворник (1894)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Душата која што храни омраза кон човек не може да биде во мир со Бога, Кој рекол: „ако не им ги проштевате на луѓето нивните согрешенија, ниту вашиот Отец нема да ви ги прости вам вашите согрешенија“ (Мт. 6,15). Ако некој човек не сака да се помири, ти сепак сочувај се од омраза, чистосрдечно моли се за него и немој да го зборуваш лошо за него.

Преп. Максим. Поглавја љубовта. 4. 35.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк