Иако секој од Светите големи Апостоли има свој посебен ден за празнување во годината, сепак овој ден Црквата го одреди како соборен празник на сите заедно, а со нив и Павле. Ова се имињата и деновите на посебното празнување на Дванаесеттемина: Петар - 29 јуни и 16 јануари; Андреј на 30 ноември; Јаков Заведеев на 30 април; Јован Богослов на 26 септември и на 8 мај; Филип на 14 ноември; Вартоломеј на 11 јуни и на 25 август; Тома на 6 октомври; Матеј евангелистот на 16 ноември; Јаков Алфеев на 9 октомври; Тадеј на 19 јуни; Симон Зилот на 10 мај; Матиј на 9 август; Павле на 29 јуни. Да спомнеме уште за начините како секој од овие најсвети и најполезни луѓе во историјата на светот го заврши својот живот на земјата: Петар беше распнат на крст главечки; Андреј беше распнат; Јаков Заведеев го убија со меч; Јован Богослов се упокои чудесно; Филип беше распнат на крст; Вартоломеј – распнат, па одран и заклан; Тома беше избоден со пет копја; Матеј го изгореа во оган; Јаков Алфеев – распнат на крст; Тадеј – распнат; Симон Зилот – распнат; Матиј го каменуваа, па мртов го расекоа со секира; Павле го убија со меч.
д | н | с | Декември 2024 |
---|---|---|---|
Н | 1 | 18 | |
П | 2 | 19 | |
В | 3 | 20 | |
С | 4 | 21 | |
Ч | 5 | 22 | |
П | 6 | 23 | |
С | 7 | 24 | |
Н | 8 | 25 | |
П | 9 | 26 | |
В | 10 | 27 | |
С | 11 | 28 | |
Ч | 12 | 29 | |
П | 13 | 30 | |
С | 14 | 1 | |
Н | 15 | 2 | |
П | 16 | 3 | |
В | 17 | 4 | |
С | 18 | 5 | |
Ч | 19 | 6 | |
П | 20 | 7 | |
С | 21 | 8 | |
Н | 22 | 9 | |
П | 23 | 10 | |
В | 24 | 11 | |
С | 25 | 12 | |
Ч | 26 | 13 | |
П | 27 | 14 | |
С | 28 | 15 | |
Н | 29 | 16 | |
П | 30 | 17 | |
В | 31 | 18 |