Православен календар

Преподобен Павле Лекар

28 јуни (по стар стил)

Родум коринтјанин. По школувањето се повлече во манастир и стана монах. Водеше голема борба со нечистиот дух на блудот. Кога го изгони од себе со силата на Крстот, духот тргна да му напакости со тоа што ја натера една развратна жена да рече дека со Павле родила дете. Тогаш еретиците го извлекоа од манастирот, му го дадоа детето в раце и го водеа по градот за да го плука толпата. Детето имаше само неколку дена. Свети Павле се помоли срдечно на Бога и му рече на народот: „Еве, нека каже детето кој му е татко!“ А детето ги испружи рацете, покажа на некој ковач и рече: „Овој ми е татко, а не Павле монахот!“ Противниците на Павле се посрамија, а нему Бог му даде голема исцелителна моќ, така што кога ги ставаше рацете на болните, оздравуваа. На старост се упокои мирно, откако Му угоди на Бога со животот на земјата. Живееше во 7 век.

Сподели на твитер
днсЈули 2026
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Јули
14
Јули
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Бесребреници Козма и Дамјан, во Рим пострадани (284)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Кога ние доблесно и без ропот ги трпиме скрбите кои нè снаоѓаат, тогаш, иако не целосно, но по малку - учествуваме во Христовите страдања.

Преп. Макариј Оптински
Писма, 473

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк