Православен календар

Благоверните кнез Петар (во монаштво Давид) и кнегињата Февронија (во монаштво Евфросинија), Муромски чудотворци

25 јуни (по стар стил)

Благоверниот кнез Петар беше втор син на Муромскиот кнез Јуриј Владимирович. Стапи на Муромскиот престол во 1203 година. Неколку години претходно заболе од лепра и никој не успеваше да го излечи. Во видение на сон му беше откриено дека може да го исцели само ќерката на еден пчелар, благочестивата дева Февронија, селанка од селото Ласково во Рјазанската земја. Светиот Петар во тоа село ги испрати своите луѓе. Кога ја виде светата Февронија, толку ја засака заради нејзиното благочестие, мудрост и добрина, што дал завет дека ќе се ожени за неа откако ќе оздрави. Светата Февронија го исцелила и се омажила за него. Светите сопрузи ја зачуваа својата љубов при сите искушенија. Гордите бољари не сакаа да имаат кнегиња од пониските општествени слоеви и бараае од кнезот да ја остави. Тој одби, па двајцата сопружници беа изгонети. Тие на чамец отпловија по реката Ока и го напуштија градот. Светата Февронија го поддржуваше и утешуваше светиот Петар. Скоро потоа, врз градот Муром се изли гневот Божји и народот бараше да се врати кнезот, заедно со светата Февронија. Светите сопружници се прославијае со своите благочестие и милосрдие. Умреа на ист ден и час, на 25 јуни 1228 година, откако претходно примија монашки потстриг со имињата Давид и Евфросинија. Нивните тела беа положени во ист гроб. Светите Петар и Февронија претставуваат образец за христијанското сопружништво. Со своите молитви тие испраќаат небесен благослов на оние што стапуваат во брак.

Сподели на твитер
днсЈули 2026
С118
Ч219
П320
С421
Н522
П623
В724
С825
Ч926
П1027
С1128
Н1229
П1330
В141
С152
Ч163
П174
С185
Н196
П207
В218
С229
Ч2310
П2411
С2512
Н2613
П2714
В2815
С2916
Ч3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Јули
14
Јули
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Бесребреници Козма и Дамјан, во Рим пострадани (284)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не труди се со спорење да решиш нешто тешко, туку со она со што заповеда духовниот закон: со трпение, молитва, и мисловна надеж на Бога.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 1. 12

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк