Православен календар

Преподобен Дионисиј

25 јуни (по стар стил)

Ктитор на манастирот Свети Јован на Атон, наречен Дионисијат. Родум од село покрај Костур, Егејска Македонија. Неговиот постар брат, Теодосиј, се оддалечи на Света Гора, каде што со време стана игумен на манастирот Филотеј. Кога порасна и свети Дионисиј дојде при брат му во Филотеј и овој го замонаши. По Божја Промисла Теодосиј, бавејќи се за една манастирска работа во Цариград, беше избран и посветен за митрополит во Трапезунт. На Дионисиј пак, почна да му се јавува некоја чудна светлина секоја ноќ на она место каде што подоцна ја подигна светата обител на Свети Јован Претеча. Објаснувајќи ја појавата на онаа светлина како знак дека таму треба да подигне манастир, Дионисиј отиде во Трапезунт кај брат му и кај царот Алексиј Комнен да побара помош. Царот му даде и пари и повелба, којашто и денес ја чуваат во манастирот. Во 1380 година Дионисиј ја основа обителта на Свети Јован Претеча. Еднаш кога морските разбојници ја ограбија обителта, Дионисиј повторно отиде во Трапезунт и таму се упокои, во седумдесет и втората година од неговиот живот. А манастирот Дионисијат до денес напредува и цвета. Во тој манастир се наоѓа иконата на Пресвета Богородица наречена „Пофалба“, којашто царот Алексиј Комнен му ја подари на Дионисиј. Според Преданието, пред оваа икона за првпат е читан Акатистот кон Пресвета Богородица, составен од патријархот Сергиј.

Сподели на твитер
днсЈануари 2026
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Јануари
17
Јануари
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Собор на 70-те апостоли; Преп. Теоктист, игумен на Кукума Сикелијски (800)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној којшто нè укорува треба да го примаме како пратен од Бога разобличител на скриените во нас зли мисли, за, откако со точност ќе ги испитаме нашите мисли, да се исправиме... бидејќи ние не го знаеме мноштвото зло кое се крие во нас; само на совршениот човек му е својствено да ги помни сите свои недостатоци.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 6

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк