Православен календар

Свети Илариј, епископ Пиктависки

14 јануари (по стар стил)

Свети Илариј Пиктависки, познат како „Атанасиј на Западот“, е еден од најголемите богослови на Црквата. Роден е во Пиктавија во второто десетлетие на IV век. Потекнуваше од угледно семејство и доби класично образование, посветувајќи ги своите рани години на изучување на филозофијата. Неговата желба да ја разбере смислата на животот го поттикна да се обрати кон Новиот Завет. Во моментот кога го читаше прологот на Евангелието според Јован, каде што се изложува учењето за божествениот Логос, врз него се спушти небесна светлина, што го поттикна да се крсти. Околу 350 година беше избран за епископ на својот роден град. Илариј не учествуваше на Соборите во Арл (353) и во Милано (355), каде што беше потврдено соборувањето на свети Атанасиј Александриски, но активно ја организираше опозицијата на галските епископи против аријанскиот епископ на Арл, Сатурнин. Поради тоа, императорот Констанциј го прогони во Мала Азија како политички бунтовник. За време на прогонството (356–359), Илариј го напиша своето најзначајно богословско дело – трактатот „За Троицата“ (De Trinitate), во кој ја докажува божественоста на Синот Божји, Исус Христос. Во друго свое важно дело, тој истакнува дека разликата помеѓу православното и еретичкото учење понекогаш произлегува од различното толкување на термините, а не од вистинско верско несогласување. Неговата толерантност се гледа и во успехот што го постигна во воспоставувањето контакти со различни религиски групи на Исток. Сепак, тој беше строг противник на екстремните аријанци и ја осуди нивната „Втора Сирмиска формула“ (357), според која Синот „не е сличен“ на Отецот. На Селевкискиот собор (359) ја поддржа победата на умерената партија предводена од епископот Василиј Анкирски и го одобри усвојувањето на Антиохискиот Символ на верата, кој може да биде гаранција за православноста на Источната црква. Во почетокот на 360 година, Илариј му се обрати на императорот со барање да му дозволи јавна теолошка расправа со аријанецот Сатурнин од Арл и учество на новиот Константинополски собор („До Констанциј Август“, книга втора), но беше одбиен. Потоа, јавно го нападна императорот во делото „Против Констанциј Август“. Во 361 година, по смртта на Констанциј, му беше дозволено да се врати во Галија, каде што повторно ја обнови борбата против аријанците. Како резултат на тоа, Сатурнин беше осуден на Парискиот собор (361), по што аријанството значително ја изгуби својата моќ во Галија. Илариј се обиде да го убеди новиот император, Јулијан Отпадник, да го протера аријанецот Авксентиј, епископот на Милано, но Јулијан, како толерантен кон аријаните, одби да преземе таков чекор. Свети Илариј Пиктависки се упокои на 13 јануари 367 година.

Сподели на твитер
днсЈануари 2026
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
ПостПост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
10
стар
стил
Јануари
23
Јануари
нов
стил
Петок. Пост.
Св. Григориј, еп. Ниски (395); +Св. Теофан Затворник (1894)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној којшто нè укорува треба да го примаме како пратен од Бога разобличител на скриените во нас зли мисли, за, откако со точност ќе ги испитаме нашите мисли, да се исправиме... бидејќи ние не го знаеме мноштвото зло кое се крие во нас; само на совршениот човек му е својствено да ги помни сите свои недостатоци.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 6

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк