Православен календар

Свети Јован Крстител

7 јануари (по стар стил)

Со оглед на тоа што главната улога на свети Јован се оствари на денот на Богојавление, древната Црква одреди денот по Богојавление му го посвети на неговиот спомен. За овој ден се врзува и настанот со раката на светиот Предвесник. Евангелистот Лука, кој посака да го пренесе Јовановото тело од Севастија, во којашто големиот пророк беше убиен од царот Ирод, во Антиохија, родното место на свети апостол Лука, успеа да ја пренесе само едната рака на свети Јован, којашто во Антиохија ја чуваа до 10 век. Потоа беше пренесена во Цариград, но во времето на Турците исчезна оттаму.
Меѓу евангелските личности околу Спасителот, личноста на свети Јован Крстител зазема особено место и заради начинот на доаѓањето во светот и заради улогата на Крстител на луѓето за покајание и како Крстител на Месијата - најпосле и заради трагичното заминување од овој живот. Тој се одликувал со толкава морална чистота што навистина може попрво да биде нарекуван ангел, одошто смртен човек. Меѓу сите пророци, свети Јован е единствениот кој можел и со рака да Го покаже Оној за Кого пророкувал. За раката на свети Јован се раскажува дека секоја година, на денот на светителот, архиерејот ја изнесувал пред народот. Понекогаш таа рака се јавувала раширена, а понекогаш згрчена. Во првиот случај означувала родна и богата година, а во вториот неродна и гладна.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
5
стар
стил
Април
18
Април
нов
стил
Чет., Велик Пост. Строг пост.
Мч-ци Агатопод и други со него (303); Преп. Теодора Солунска (892)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Не труди се со спорење да решиш нешто тешко, туку со она со што заповеда духовниот закон: со трпение, молитва, и мисловна надеж на Бога.

Преп. Марко Подвижник
Слова. 1. 12

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк