Православен календар

Преподобна Аполинарија

5 јануари (по стар стил)

Ќерка на Антимиј, намесникот на малолетниот цар Теодосиј Помладиот. Таа му беше постарата ќерка, а помладата беше луда. Аполинарија не сакаше да се мажи, туку во срцето стана Христова свршеница и замина во пустината Египетска. Во машка облека и под машкото име Доротеј, стапи во машки манастир, каде се подвизуваше вознесувајќи го непрестано својот дух кон Бога и горејќи од љубов кон Создателот. Некој му посоветува на царскиот намесник да ја испрати неговата луда ќерка кај пустинските монаси да ѝ прочитаат молитва. И по Божја Промисла се случи постарата сестра со својата силна молитва да ја исцели својата луда сестра. Дури кога Аполинарија се упокои, се објави тајната дека не беше машко туку женско. Мажествената храброст на оваа света девица остана за пример и поттик на многумина низ вековите. Се упокои во 470 година.

Сподели на твитер
днсДекември 2023
П118
С219
Н320
П421
В522
С623
Ч724
П825
С926
Н1027
П1128
В1229
С1330
Ч141
П152
С163
Н174
П185
В196
С207
Ч218
П229
С2310
Н2411
П2512
В2613
С2714
Ч2815
П2916
С3017
Н3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
28
стар
стил
Ноември
11
Декември
нов
стил
Пон., Божикен пост. Масло.
+Св. 15 свмч. Тивериополски (IV); Прмч. и исп. Стефан Нов (767)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Среќен е човекот во кого има љубов Божја, бидејќи он во себе Го носи Бога. Во кого има љубов, тој заедно со Бога е над сè. Во кого има љубов, тој не се плаши, од никого никогаш не се гнаси, пред никого не се превознесува, никого не клевети, а оние кои клеветат не ги слуша, не соперничи, не завидува, не се радува на туѓите падови, не го оцрнува оној којшто паднал, туку сочувствува со него и му помага, не го презира братот кој има потреба од нешто, туку се застапува и е готов да умре за него. Во кого има љубов, тој ја исполнува волјата Божја.

Преп. Ефрем Сирин
Духовно-морални писма

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк