Православен календар

Светиот маченик Гордиј

3 јануари (по стар стил)

Роден е во Кесарија Кападокиска. Беше офицер во римската војска, во времето на царот Ликиниј. Но, кога настана страшно гонење на христијаните, ја остави војската и чинот и се оддалечи во Синајската пустина. Осамен на планината Хорив, времето го поминуваше во молитва и размислување за тајните на небото и земјата. Особено размислуваше за суетата и ништожноста на овој свет, а заради што луѓето се мачат и се борат на земјата, па најпосле посака да умре за да се пресели во непропадливиот живот. Со таа желба тој слезе во градот во време на некои незнабожечки трки и игри. Му се пријави на градоначалникот како христијанин. Овој залудно го одвраќаше од верата со ласки и со закани. Гордиј остана непоколеблив и тврд како дијамант и говореше: „Зарем не е безумство со овој пропадлив живот да се купува вечната мака и погибел на душата?“ Осуден на смрт, радосно иташе кон губилиштето и патем им говореше на џелатите за скапоцената Христова наука. Со Исусовото име на усните го предаде своето младо тело на меч, а праведната душа на Бога во 320 година.

Сподели на твитер
днсНоември 2026
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Ноември
17
Ноември
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Преп. Јоаникиј Велики (846); Свмч. Никандр, еп. Мирски и Ермеј презв. (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Христијаните се должни непоколебливо да пребиваат во Православието, да ги запазуваат едномислието и нелицемерната љубов, да ја чуваат чистотата на душата и телото, да се пазат од зли и нечисти желби, со умереност да јадат и пијат и најмногу од сè да се украсуваат со смирение. Да не го оставаат гостопримството, да се клонат од спорење, почестите и славата во земниот живот да ги сметаат за ништо, а наместо нив да очекуваат награда од Бога - насладување со небесните блага.

Преп. Сергиј Радоњешки
Житие, 32

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк