Православен календар

Свети Даниил, архиепископ Српски

20 декември (по стар стил)

Син на богати и богољубиви родители. Во младоста беше добро воспитан. Кралот Милутин го зеде во својот дворец, но тој од голема љубов кон Бога побегна и се замонаши во Кончулскиот манастир, покрај Ибар. Подоцна беше игумен на Хиландар и многу претрпе од латинските крстоносци. Беше епископ Бањски, потоа Хумски, и најпосле архиепископ Српски. Беше строг подвижник за време на целиот монашки живот. Имаше особен дар на солзи. Крепко се бореше против Латините и богомилите. Под негов надзор се изградени манастирите Бања и Дечани. Обнови и изгради многубројни цркви. Се упокои мирно во времето на царот Душан, ноќта меѓу 19 и 20 декември во 1338 година.

Сподели на твитер
днсНоември 2026
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Н2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
28
стар
стил
Октомври
10
Ноември
нов
стил
Вторник. Не се пости.
Мч. Параскева (III); Преп. Јов Почаевски (1651); Св. Димитриј Ростовски (1709)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Исто како што луѓето одат во војна не за да се насладуваат од неа, туку да се спасат од истата, така и ние доаѓаме во овој свет не за да се насладуваме со него, туку за да се спасиме од него. Како што луѓето одат во војна поради нешто поголемо од војната, така и ние доаѓаме во овој времен живот поради нешто поголемо од него – поради вечниот живот. И како што војниците со радост мислат за враќањето дома, така и христијаните постојано се мислат за крајот на својот живот и враќањето во својата Небесна Татковина.

Св. Николај Охридски
Мисли за доброто и злото

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк