Православен календар

Свети Филимон, епископ Газски

14 февруари (по стар стил)

Светиот Филимон беше апостол од седумдесетте. Тој со својата сопруга, светата маченичка Апфија, живееше во градот Колоси, во Фригија. Откако примија Свето Крштение од апостолот Павле, тие својот дом го претворија во молитвен храм, каде што се собираа сите колосјани кои веруваа во Христа, и каде што се извршуваа богослужбите на Црквата Христова. Филимон и Апфија се посветија на служење на болните и бездомните. Апостолот Филимон беше поставен за епископ на градот Газа и го проповедаше словото Божјо по целата Фригија. Светиот апостол Павле не го оставл Филимона без духовно раководство. Кон него го упати своето полно со љубов послание во кое испраќа благослов до „возљубениот Филимон, нашиот сотрудник, и до Апфија, возљубената сестра, и до Архип, нашиот другар во војувањето, и до твојата домашна црква.“ (Фил. 1,1-3). Онисим, за кого се зборува во посланието е бивши роб на Филимон. За време на прогонот на императорот Нерон (54-68), светите Филимон и Апфија, а исто така и светиот апостол Архип, кој живееше во Колоси, пострадаа маченички: за време на паганското празнување, разјарената толпа влезе во христијанскиот храм, каде што се извршуваше богослужба. Сите се разбегаа од страв, а останаа само светите Филимон, Архип и Апфија. Тие беа фатени однесени пред градоначалникот. Светиот Архип беше претепан и исечен со ножеви од страна на разулавената толпа, та почина на пат кон судот. Светите Филимон и Апфија, пак, беа убиени со каменување, по заповед на управителот.

Сподели на твитер
днсЈуни 2023
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
19
стар
стил
Мај
1
Јуни
нов
стил
Четврток. Не се пости.
Свмч. Патрикиј, еп. Пруски, и неговата дружина (II-III)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној кој строго ги испитува туѓите престапи, тој нема да добие никакво снисходење за своите.

Св. Јован Златоуст
За статуите. 3, 6

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк