Православен календар

Светиот свештеномаченик Харалампиј

10 февруари (по стар стил)

Овој голем светител беше епископ во Магнезија и во својата сто и тринаесетта година пострада за Христа. Кога настана страшното гонење на христијаните во времето на царот Септимиј Север, старецот Харалампиј не се криеше од гонителите, туку слободно и јавно ја проповедаше Христовата вера. Сите маки ги претрпе како во туѓо тело. А кога уште жив му ја дереа кожата, незлобливиот светител им рече на царските војници: „Ви благодарам, браќа, зашто ми го истругавте старото тело, а ми го обновивте духот за нов, вечен живот“. Изврши многубројни чуда, во верата обрати многумина. Дури и царската ќерка Галина го напушти незнабоштвото на својот татко и стана христијанка. Осуден на смрт и изведен на губилиштето свети Харалампиј ги воздигна рацете кон небото и Му се помоли на Бога за сите луѓе, за да им даде Бог телесно здравје и спасение на душите и да ги умножи земните плодови. „Господи, Ти знаеш дека луѓето се месо и крв, прости им ги гревовите и излеј ја Твојата благодат врз сите!“ После молитвата овој свет старец ја предаде својата душа на Бога пред да го спушти џелатот мечот врз неговиот врат. Пострада во 202 година. Неговото тело го зеде Галина и чесно го погреба.

Сподели на твитер
днсФевруари 2025
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
27
стар
стил
Јануари
9
Февруари
нов
стил
Недела на митарот и фарисејот. Не се пости.
+Пренос на моштите на св. Јован Златоуст (438)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Гордоста не ѝ дава на душата да стапи на патот на верата. На неверникот јас му давам ваков совет – нека рече: Господи, ако Ти постоиш, просветли ме и ќе Ти служам со целото срце и душа.“ И за таквата смирена мисла, и спремноста да Му се послужи на Бога, Господ задолжително ќе го просветли... И тогаш душата ќе го почувствува Господа; ќе почувствува дека Господ ѝ простил и ја љуби, и од опит ќе познае и благодатта на Светиот Дух во душата ќе сведочи спасение, и таа ќе посака да извика кон сиот свет: „колку многу нè љуби Господ.“

Преп. Силуан Атонски. Писма, III.6.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк