Православен календар

Светата маченичка Теодула

5 февруари (по стар стил)

Пострада за Христа во времето на нечестивиот римски цар Диоклецијан. При мачењето, Теодула вразуми еден од мачителите, Еладиј, и го приведе кон Христовата вера. Кога Еладиј јавно ја исповедаше својата вера во Христа, го убија со меч. На судот Теодула се држеше многу храбро, а за ова судијата ја нарекуваше безумна. Затоа Теодула му рече: „Безумни сте вие што го заборавивте единствениот вистинит Бог, а им се поклонувате на мртвите камења“. Судијата ја подложи на тешки маки, а нив Теодула ги издржа храбро и со оваа храброст во маките многумина ги восхити и ги обрати кон Христа. Меѓу нив беа и двајца угледни граѓани, Макариј и Евагриј. Нив двајцата и мнозина други ги фрлија заедно со Света Теодула во усвитена печка. Така го завршија земниот живот и се удостоија со Христовото царство.

Сподели на твитер
днсФевруари 2026
Н119
П220
В321
С422
Ч523
П624
С725
Н826
П927
В1028
С1129
Ч1230
П1331
С141
Н152
П163
В174
С185
Ч196
П207
С218
Н229
П2310
В2411
С2512
Ч2613
П2714
С2815
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Без месоБез месо
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Февруари
16
Февруари
нов
стил
Понеделник. Без месо.
Св. Симеон Богопримец и пророчица Ана (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

На сите нам, љубезни браќа и сестри, ни претстои да умреме, и тешко нам ако, живеејќи на овој свет, не се љубиме еден со друг, ако не се примируваме со нашите противници на кои сме им лути, еден со друг ако се ожалостиме не си проштеваме – во тој случај нема да имаме на оној свет вечен покој и блаженство, и нема да ни ги прости нашиот Отец Небесен нашите гревови,

Св. Петар Цетињски
Послание кон Радуловичи, 1805 год.

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк