Православен календар

Преподобен Николај Исповедник

4 февруари (по стар стил)

Овој Светител беше од островот Крит. Дојде во Цариград за да го посети својот роднина Теодор, игуменот на Студитскиот манастир, но остана и се замонаши. Како монах Николај ги мина сите подвизи за спасението на душата. Во времето на гонењето на Црквата од страна на Лав Ерменин, Теодор и Николај беа свирепо мачени, биени со воловски жили и најпосле ги фрлија во затвор, каде останаа три години. По смртта на свети Теодор, Николај стана игумен на Студитскиот манастир. Уште за време на животот правеше чуда со силата на Божествената благодат. Така ја исцели од болест Евдокија, жената на царот Василиј, а потоа и Елена, жената на патрицијот Мануил. На угледниот благородник Теофил Мелисен, на кого не му се држеа децата, му ја благослови новородената ќерка и за неа му прорече дека ќе живее и ќе биде многуплодна, а тоа подоцна така и се исполни. На денот на својата смрт Свети Николај ги повика монасите и ги праша што им недостасува. „Жито“, одговорија. Тогаш игуменот им рече: „Оној Којшто го нахрани Израилот среде пустината, по три дена и вам ќе ви испрати пченица во изобилство.“ И навистина, по три дена под манастирот доплови кораб полн со жито, испратен од царот Василиј. Преподобниот Николај се пресели во Царството Небесно во седумдесет и петтата година од животот, на 4 февруари 868 година.

Сподели на твитер
днсАприл 2024
П119
В220
С321
Ч422
П523
С624
Н725
П826
В927
С1028
Ч1129
П1230
С1331
Н141
П152
В163
С174
Ч185
П196
С207
Н218
П229
В2310
С2411
Ч2512
П2613
С2714
Н2815
П2916
В3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
МаслоМасло
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
7
стар
стил
Април
20
Април
нов
стил
Саб., Велик Пост. Масло.
Преп. Георгиј исп., митр. Митилински (после 820); Мч. Калиопиј (304)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној кој не се смета себе си за грешник, нему Господ не му ја прима молитвата.

Преп. Исак Сирин
Поуки. 55

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк