Православен календар

Свети Николај Јапонски

3 февруари (по стар стил)

Мисионерите Православната Црква често ги нарекува „рамноапостолни“, односно оние кои се трудат со ревноста и на начинот на првите апостоли. Понеодамнешен пример за ваков светител е свети Николај, кој му ја донесе светлината на Православието на јапонскиот народ. Роден е на 1 август 1836 година во Смоленскиот регион во Русија. Матурираше како првенец, а во 1856 почна студии на Богословската академија во Санкт Петербург. Таму прочита соопштение во кое се бараше некој да служи како главен свештеник во црквата на Руската амбасада во Јапонија, на коешто се одзва. Во Јапонија тој започна со сериозно изучување на јазикот, културата и историјата на земјата. По неколку години интензивно учење, о. Николај преобрати во Православието еден самурај, зет на шинто свештеник, заедно со уште двајца други. Светителот не се обидуваше да покрстува голем број на луѓе, туку се стремеше оние што ќе ги преобрати да бидат цврсти во верата. Овие први покрстени потоа му помагаа како вероучители, и тој наскоро имаше група од 15 христијани, а во 1873 година бројот на православните верници достигна 1000 души. Вероучителите, како нови апостоли, проповедаа и вршеа служби во домовите и ги користеа тие домови како мисионерски центри. На овој начин беа основани над 250 мисии за време на животот на свети Николај. Тој исто така основа и верски училишта, а во 1878 година отвори богословска семинарија за образование на јапонското свештенство. Покрај богословските науки, тука се изучуваа и јапонскиот, кинескиот и рускиот јазик, како подготовка за преводот на сите делови од Светото Писмо, како и на други неопходни текстови. Во 1880 година свети Николај беше ракоположен за прв епископ на Јапонија, а веќе во 1884 година почна со изградба на прекрасен соборен храм во Токио, посветен на Христовото Воскресение, кој беше завршен и осветен во 1891 година. Руско-јапонската војна од 1904-1905 година беше испит за свети Николај и за православните христијани во Јапонија. Со длабоко расудување, тој им дозволи на свештениците да вршат Молебни за победа на Јапонија, додека самиот не учествуваше во нив. Иако му беше понудена заштита од страна на Русите, тој ја одби, претпочитајќи да остане со својата паства. Во 1906 г. владиката Николај беше воздигнат во чин на Архиепископ. Се упокои на 3 февруари 1910 година.

Сподели на твитер
днсОктомври 2026
Ч118
П219
С320
Н421
П522
В623
С724
Ч825
П926
С1027
Н1128
П1229
В1330
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

• Што е тоа пост и зошто постиме?
• Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Октомври
17
Октомври
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Свмч. Јеротеј, еп. Атински (I)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Оној што е смирен и кој води духовен живот, кога го чита Светото Писмо разбира дека сè се однесува на него, а не другите.

Преп. Марко Подвижник
Слова, 1.6

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк