Православен календар

Светите маченици Перпетуа, Фелицитате, Сатир и другите со нив

1 февруари (по стар стил)

Во времето на царот Септимиј Север, ги фрлија во затвор зашто беа христијани. Света Перпетуа беше по потекло благородничка и таа ги храбреше другите затвореници да не се плашат да пострадаат за Христа. На сон виде лествица од земјата до небото, сета начичкана со остри ножеви, јадици, клинци и други смртоносни оружја. А на дното од лествицата лежеше страшна змија. И виде како Сатир прв претрча низ лествицата до врвот неповреден, па од врвот и довикна: „Перпетуа, ајде, те чекам! Но, чувај се од змијата!“ Охрабрена од ова Перпетуа застана на главата од змијата како на прво скалило, па брзо редум истрча до врвот. И кога се искачи на врвот, влезе во небесата и ги виде прекрасните дворци небесни и беше многу радосна. Кога им го раскажа овој сон, затворениците протолкуваа дека наскоро им претстои смрт, и тоа прво на Сатир, што набрзо и се исполни. Прво го убија Сатир, а потоа Перпетуа и другите редум. Примија од Господа вечна награда во царството на светлината. Пострадаа сите за Христа во 202 или 203 година.

Сподели на твитер
днсОктомври 2024
В118
С219
Ч320
П421
С522
Н623
П724
В825
С926
Ч1027
П1128
С1229
Н1330
П141
В152
С163
Ч174
П185
С196
Н207
П218
В229
С2310
Ч2411
П2512
С2613
Н2714
П2815
В2916
С3017
Ч3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
22
стар
стил
Септември
5
Октомври
нов
стил
Сабота. Не се пости.
Прор. Јона (VIII п.Х.), Свмч. Фока, еп. Синопски (117)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Едно е да се избавиш од помислите, а друго е да се ослободиш од страстите. Често има избавување од помислите кога ги нема пред очи тие предмети кон кои човекот има страст; меѓутоа страстите се кријат во душата и при повторното појавување на предметите - се појавуваат и страстите. Затоа треба да се набљудува умот при појавување на работите и да се дознава кон што имаш страст.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта, 3.78

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк