Православен календар

Светите Кир и Јован, бесребреници и чудотворци и со нив маченичките: Атанасија со нејзините ќерки Теоктиста, Теодотија, и Евдоксија

31 јануари (по стар стил)

Овие милосрдни и прекрасни светители не беа браќа по крв, но беа браќа по дух. Кир најнапред живееше во Александрија и како лекар ги лечеше луѓето со силата Христова и со материјални лекови. Кога дозна дека болестите ги напаѓаат луѓето најмногу заради гревовите, почна непрестано да ги упатува болните со пост и покајание да си ја очистат душата од гревовите и така да си го повратат телесното здравје. Кога настана гонењето на христијаните од страна на Диоклецијан, Кир се оддалечи во Арабија и таму се замонаши. Но, како што беше прочуен во Александрија исто така се прочу и во Арабија, па луѓето му прибегнуваа за помош. Кога Јован, тогаш римски офицер во Едеса, слушна за Кир, појде во Арабија за да го види. Тие кога се видоа се засакаа еден со друг како двајца браќа и останаа заедно да се подвизуваат. Во тоа време мачителите ја мачеа некоја маченичка Атанасија христијанка, со нејзините три ќерки во Каноп. Штом слушнаа за ова Кир и Јован отидоа во Каноп за да ги храбрат мајката и ќерките, та да не отпаднат од верата. И навистина, благодарение на советите на овие светители Атанасија ги претрпе сите маки и заедно со ќерките беше погубена за Христа. Ќерките на Атанасија се викаа: Теоктиста, која имаше петнаесет години, Теодотија на тринаесет години и Евдокија единаесет години. Тогаш мачителите ги фатија Кир и Јован, па после долги маки и претрпен затвор ги убија со меч, во 311 година. Овие свети маченици извршија безбројни чуда за време на животот и после смртта. Нивните мошти во времето на царот Аркадиј се пренесени во Рим. Се повикуваат на помош особено при несоница, при осветување на вода и на Маслосвет.

Сподели на твитер
днсНоември 2025
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
3
стар
стил
Ноември
16
Ноември
нов
стил
Недела. Не се пости.
Обновување на храмот на св. Георгиј во Лида; Мч-ци Акепсимо еп., Јосиф презв. и Ајфал ѓак. (IV)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Како што не може со зборови да му се објасни сладоста на медот на оној кој никогаш не пробал мед, така и добрината Божја не може да биде јасно предадена во учењето, доколку самите не можеме да ја постигнеме благоста на Господа.

Св. Василиј Велики
Беседи на Псалмите, 29

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк