Православен календар

Преподобен Исаак Сирин

28 јануари (по стар стил)

Роден е во Ниневеја и во младоста се подвизуваше во Мар-Матејскиот манастир, близу Ниневеја. Кога се прочу со светоста на животот и со многубројните чуда, го избраа за епископ Ниневејски и го принудија да го прими тој висок чин. Но, после пет месеци тој го остави епископството и тајно се повлече во оддалечениот манастир Раббан-Шабур. Состави многубројни дела, од кои до нас дојдоа околу сто беседи за духовниот живот и подвижништвото, пишувани главно од сопствен опит. Неспоредлив психолог и раководител во духовниот живот. Дури и светителите како свети Симеон Дивногорец од него бараа совет. Се упокои во длабока старост на крајот од 7 век.

Сподели на твитер
днсЈануари 2026
Ч119
П220
С321
Н422
П523
В624
С725
Ч826
П927
С1028
Н1129
П1230
В1331
С141
Ч152
П163
С174
Н185
П196
В207
С218
Ч229
П2310
С2411
Н2512
П2613
В2714
С2815
Ч2916
П3017
С3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Не се постиНе се пости
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
1
стар
стил
Јануари
14
Јануари
нов
стил
Среда. Не се пости.
Обрезание Господово
Св. Василиј Велики (379)
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

Најпрвин во умот проникнува проста мисла за гревот, и ако таа се задржи во умот, од тоа произлегува движење на страста. Ако не ја истребиш страста, таа ќе го натера умот на согласност со неа, а кога тоа ќе се случи тогаш следи извршување на гревот на дело... Затоа внимавај на мислите, бидејќи ако не згрешиш со мислите, никогаш нема да згрешиш ниту со дело.

Преп. Максим Исповедник
Поглавја за љубовта. 1.84, 2.78

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк