Православен календар

Преподобниот маченик Анастасиј

22 јануари (по стар стил)

Родум од Персија (Иран). Незнабожечкото име му е Магундат. Татко му беше маг. Во тоа време, персискиот цар Хозрој го зазеде светиот град Ерусалим и од таму во плен во Персија го донесе дрвото на Крстот Господов. Крсното дрво толку восхитуваше со необични чудеса што многумина говореа: „Христијанскиот Бог дојде во Персија“. Слушајќи за тоа, младиот Магундат почна да се распрашува за земниот живот на Спасителот и срцето негово го допре Божјата благодат и во неговата душа се запали огнот на верата. Служејќи како војник во војската на царот Хозрој, Магундат беше испратен да војува со Византија. Таму Магундат ја напушти својата војска, бидејќи претпочиташе да живее во беда и неизвесност помеѓу христијаните, отколку во богатство и почит во својата татковина помеѓу незнабожците. Првин отиде во градот Јерапол каде најде еден Персиец христијанин и остана да живее кај еден него. Потоа дојде во Ерусалим, каде што прими Крштение и го доби името Анастасиј. Стапи во манастир и таму се подвизуваше, украсувајќи се себеси со смиреномудрие, кротост и трудољубивост. По седум години поминати во манастир, воочи празникот на Воскресението Христово, му беше откриено дека го чека маченичка смрт за Христа. Тој го напушти манастирот и отиде во Кесарија, која тогаш беше заземена од Персијците. Таму го проповедаше Христа и го разобличуваше незнабоштвото. Беше фатен и обвинет дека е шпион. Го изложија на жестоки маки и го принудуваа да се одрече од Христа и да се врати во персиската вера. Долго го држеа во затвор и во маки, но тој остана непоколеблив. Најпосле самиот цар Хозрој му изрече смртна пресуда. Беше удавен заедно со уште 70 христијани, а главата му ја отсекоа и му ја пратија на царот Хозрој.

Сподели на твитер
днсАвгуст 2026
С119
Н220
П321
В422
С523
Ч624
П725
С826
Н927
П1028
В1129
С1230
Ч1331
П141
С152
Н163
П174
В185
С196
Ч207
П218
С229
Н2310
П2411
В2512
С2613
Ч2714
П2815
С2916
Н3017
П3118
Строг пост
Масло
Риба

Без месо
Пост
Не се пости

Правило на постот за денес:
Строг постСтрог пост
текстови

Што е тоа пост и зошто постиме?
Што е именден и зошто го славиме?
стрип
Кое е значењето на моето име и кога ми е именден?
Внеси го името
или најави се со Facebook
Список на православни имиња
Испратете честитка за именден
4
стар
стил
Август
17
Август
нов
стил
Пон., Успенски пост. Строг пост.
Св. 7 маченици младенци во Ефес
денови.мк
Поставете православен календар на Вашиот сајт, клик за кодот.

Поуки
од Светите Отци

На сите кои што имаат љубов кон Него, Бог им го дава своето општење. Општењето со Бога е живот и светлина и насладување со сите блага коишто се во Него. А оние кои по сопствена волја отстапуваат од Него, Он ќе ги подложи на оддалечувањето од Себеси коешто самите си го избрале. Како што оддалечувањето од светлината е темнина, така и оддалечувањето од Бога е лишување од сите блага кои се во Него. Но, благата Божји се вечни и без крај, затоа и нивното губење е вечно и без крај; така грешниците самите се причина за своите маки, исто како што оние кои себеси се ослепеле и не ја гледаат светлината иако таа свети над нив.

Св. Иринеј Лионски
5 книги против ересите, V. 27

Читајте ги поуките од Светите Отци на Вашиот мобилен телефон, и кога немате интернет. Бесплатната програма е достапна тука.
Денови.мк
Facebook app privacy policy
© Денови.мк